Што е оштетување на слухот?

Губењето на слухот значи дека имате намалена осетливост на звуци кои нормално се слушаат. Типот и степенот на оштетување на слухот може да бидат различни и во поголемиот број на случаи можат да се решат.

Зошто е важен слухот?

Слухот за нас е суштински важен за да би живееле во потполност исполнети, давајќи ни огромен извор на информации. Тие информации претставуваат врска помеѓу нас и светот околу нас.

Како функционира слухот?

Со оглед на својата мала големина, увото е многу сложен орган. Работејќи како филтер на звукот, секој звук кој го слушаме увото го претвора во елктични имплуси кои стигнуваат до мозокот.

Увото се состои од 3 дела:

  1. надворешно уво (ушна школка и ушни канал)
    собира звуци и ги пренесува низ ушниот канал до слушното тапанче.

  2.  средно уво (ушна мембрана и 3 слушни ковчиња чекан, наковална и узенѓија)
    звукот од надворешното уво предизвикува вибрации на ушната мембрана, која преку слушните ковчиња ги пренесува до внатрешното уво.

    3. внатрешно уво (кохлеа и слушен нерв)
    вибрациите кои доаѓаат од средното уво поминуваат низ кохлеата, ги стимулираат слушните ќелии и така предизвикуваат електрични импулси, кои понатаму преку слушниот нерв одат до центарот за слух во мозокот.   

Што треба да знаете за оштетувањето на слухот?

  • Оштетување на слухот може да се појави кај луѓе од сите старосни граници. Во зависност од причината, може да биде лесно или тешко , привремено или трајно.
  • Оштетувањето на слухот претставува невидлива состојба, но последиците од тоа се осеќаат, како што се збунетост, социјална изолација, па дури и одредени промени на личноста.
  • Губењето на слухот може да биде вродено или може да настане постепено со текот на времето.
  • Кај возрасните, најчести причини за оштетување на слухот се стареењето и бучавата. Промените на слухот кои настанале при стареењето се викаат Презбиакузија(старечка наглувост). Настануваат постепено и секогаш се трајни. Кај постарите луѓе оштетувањето на слухот многу често е помешано со знаци на деменција.
  • Бучавата може да доведе до слабеење на слухот постепено (долготрајна изложеност на бука) или изненадно (нагло дејствување на звуци со голема јачина: пукање, експлозија, аларм...)
  • Многу често оштетувањето на слухот е пропратено со зуење во ушите, кое подеднакво го спречува функционирањето на лицата.