Оштетувањето на слухот се разликува од оштетувањето на видот.

Како што е оштетувањето на видот, така и оштетувањето на слухот е поврзано со стареењето. Оштетувањето на видот постепено води до отежнато читање, затоа што буквите стануваат помали, но кај оштетувањето на слухот е различно. Тешко е да се слушнат одредени слогови или звуци. На пример, консонантите како што се Ф, С, или Т лесно ги надминуваат погласните и послините самогласки како што се А, О и У.

Видови на оштетувања на слухот

Оштетувањето на слухот може да се случи во било кој период на животот и од бројни причини. Но, воопшто постојат 3 видови на оштетување на слухот:

1.Кондуктивно
2.Сензоневрално
3.Мешовито

Причини за оштетување на слухот

Најчести причини за оштетување на слухот се изложеноста на бучава и стареењето.

Исто така, причини се и:

  • инфекција при бременоста,
  •  инфекција,
  • повреда на главата,
  • оштетување на слушната мембрана,
  • лекување на одредени врсти на канцер,
  • употреба на одредени видови на лекови

Оштетувањето на слухот може да биде последица на различни болести како на пр. воспаление на увото и сл. Меѓутоа во денешно време оштетување на слухот се почесто настанува како последица на изложеност на преголема бучава, а доколку изложеноста на бучава е и секојдневна и трае по неколку часа може да дојде до оштетување на слухот кое е трајно и повеќе нема да може да се поправи со никакви лекови. Особено опасна е работата во бучни фабрики, работа со бучни алати и машини... Во сите тие случаеви треба да се заштитете со носење на “слушалки” (антифона) против бучава и/или со ставање на заштитни тампони во ушите. Постојат и секојдневни штетни навики: често прегласно слушање на музика, долготрајни возења со мотор, пречесто и долготрајно земање на некои антибиотици како и конзумирање на алкохол и цигари.

Степен на оштетување на слухот

Факт е дека едно од 6 лица со старост од над 50 години, има потешкотии со слухот и бара помош и појачување на звуците. Оштетувањето на слухот оде од лесно, кон средно тешко, сериозно и длабоко оштетување. Лесното оштетување на слухот ја намалува нашата можност во разбирањето на говорот. Додека кај длабокото оштетување на слухот разбирањето на говорот воопшто не е можно. Без разлика на степенот на оштетување, многу типови на звуци е многу тешко, па и невозможно да се слушнат - звуци како што е пеењето на птиците, тихи гласови, апарати како што е телефонот.