Врз основа на нашето долгогодишно искуство, овде се наброени ситуации кои укажуваат дека постои оштетување на слухот:

  •   не го слушате доволно гласно разговорот по телефон,
  • лошо го слушате соговорникот во бучна околина (на пр. во кафич),
  •  тешко го следите разговорот во кој учествуваат три или повеќе лица,
  •  разговорот го следите со голем напор,
  • Ви изгледа дека повеќето луѓе мрморат и зборуваат неразговорно,
  • често барате од соговорникот да ви ја повторува реченицата,
  •  потешко го разбирате говорот на децата и жените,
  • ја појачувате јачината телевизорот повеќе за разлика од останатите во фамилијата,
  • често слушате ѕвонење, зуење или шум во ушите,
  •  некои звуци ви изгледаат прегласни

 

 

Дали се пронаоѓате?

Замислете дека се наоѓате во бучен ресторан. Во позадина се слушаат чинии кој тропаат, столови кои чкрипат по подот, луѓе кои разговараат и се смеат. Вие се трудите да следете се што се случува на вашата маса - напорот кој го вложувате во тоа почнува да ве изморува се повеќе и повеќе. На крајот почнувате да се преправате дека слушате. Се смешкате, настојувате да изгледате заинтересирано и се смеете со останатите, иако не сте ја разбрале шегата. Почнувате да се чувствувате изолирано. И додека го напуштате ресторанот, осеќате јака главоболка, разочарани сте и немате намера да го повотрете ова искуство во скоро време.