Најчести реакции на сознанието за оштетувањето на слухо се:

  • ОДБИВАЊЕ - чувство дека луѓето околу Вас мора да зборуваат погласно,
  • ЛУТИНА - природно чувство пропратено со немоќ; многу е важно да сватете дека оштетување на слухот може да се појави кај секого, во било кој период од животот и дека таа состојба може да се промени доколку на време се обратете кај стручно лице,
  • ИЗГОВОРИ - не сте спремни да ја прифатете својата состојба и наоѓате бројни изговори ”Мојот слух не е толку лош. Кога другите луѓе би зборувале по разговорно, јас не би имал проблем! ” или “Во ред, ќе посетам доктор доколку ми се влоши состојбата. ”
  • САМОСОЖАЛУВАЊЕ - не барате од соговорникот да ја повтори реченицата иако сте свесни за својата состојба, за да не го прекинувате Вие се повлекувате во себе и останувате изолирани,
  • ПРИФАЌАЊЕ - со текот на времето и со малку вера, ќе научете да го прифатите оштетувањето на Вашиот слух и ќе бидете спремни да побарате решение! И еден ден, во многу блиска иднина, ќе бидте многу среќни што така сте постапиле!

Зошто треба да го третирате оштетувањето на слухот?

Вашиот слух е клуч во активното учество во светот кој ве опкружува и загубениот слух кој не се третира може да има огромно влијание на вашиот живот.

Кога доаѓа до оштетување на слухот, реакциите на ситуацијата се различни. Ако оштетувањето не се третира може да дојде до социјална изолација, се осеќате изморено дури и при самото настојување секојдневниот живот да го живеете како претходно, кога сте немале оштетување.

Многу е битно да ја препознаете состојбата, да отидете на преглед и да се посоветувате со стручњаци!

Колку порано отидете на преглед, поголеми се шансите да ја повратете можноста повторно непречено да учествувате во секојдневните ситуации.

Затоа што, на Вас ви е Важен слухот:

  • СИТУАЦИИ НА РАБОТА (учеството во работни разговори,...),
  • ВРЕМЕТО СО ФАМИЛИЈАТА И ПРИЈАТЕЛИТЕ (гледање телевизија или разговор при фамилијарниот ручек, дружење со внуците,...)
  • СОПСТВЕНАТА И ТУЃАТА БЕЗБЕДНОСТ (да ѓи слушате звуците кои ве опоменуваат за опасност на пр. сирени и друѓи звуци во сообраќајот или да слушнете кога некој бара помош,...)
  • УЧЕЊЕ (следење на предавањата бе голем напор.)