Доколку се прашувате зошто треба редовно да го тестирате Вашиот слух, би требало да знаете дека кај луѓето со оштетен слух неопходно е на време да се преземат соодветните мерки затоа што така се постигнува најдобар резултат.

Истражувањата покажуваат дека едно од 5 лица со над 55 годишна старост има потешкотии со слухот, а како поминуваат годините односот се зголемува на едно од 3 лица. Добриот слух прави разлика во поголем број на ситуации во комуникацијата со роднините и пријателите, при гледање телевизија, учеството во сообраќајот и др. Сличен отпор постоеше и пред неколку децении спрема носењето на очила и луѓето морале да трпат низа непријатности како би денес носењето очила станало сосема нормална работа.  

Дали ќе оглувам ако не носам слушни апарати?

Тоа е прашањето кое нашите аудиолози најчесто го добиваат. Едноставниот одговор е “не”, ако имате оштетуваење на слухот и одлучете да не користите слушни апарати тогаш малку веројатно е дека ќе оглувеете. Но тоа дефинитивно не е потполна информација. Вистината е дека повеќето луѓе кои имаат утврдено оштетување на слухот тоа често е трајна и неповратна состојба кај која не е реално да се очекува подобрување.

Ризици за можноста на памтење

Занемерувањето на оштетениот слух не го погодува само квалитетот на животот, туку влијае и на способноста на мозокот да памти вообичаени и секојдневни звуци. Кога слушниот нерв ја губи својата функција и повеќе неможе ефикасно да го пренесува звукот кон мозокот, тогаш со текот на времето мозокот почнува да ги заборава звуците и ја губи способноста да ги разбира. Што подолго луѓето го одложуваат носењето на слушни апарати толку е потешко мозокот да се прилагоди на нив, а колку порано се почне толку шансите за успех се поголеми.

Доколку се сомневате дека не слушате добро препорака е да реагирате ВЕДНАШ, затоа не одложувајте - јавете се да закажете ВАШ БЕСПЛАТЕН ТЕРМИН ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ на телефоните: (Скопје - Центар 02 306 18 06, Скоје - Бит Пазар 02 321 00 12, Битола 047 212 333, Штип 032 614 171, Кумново 031 420 166, Тетово 044 352 810) , а нашите искусни и стручни дефектолози после тестирањето ќе Ви дадат одговори на сите прашања кои се однесуваат на Вашиот слух.

ЗАКАЖЕТЕ ВАШ БЕСПЛАТЕН ТЕРМИН ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ - ONLINE