Слушен апарат е мал електронски уред кој се носи внатре во увото или позади увото. Тој ѓи појачува звуците за да лицата со оштетен слух би можеле да слушаат, комуницираат и учествуваат потполно во секојдневните активности. Слушниот апарат ѓи појачува вибрациите кои влегуваат во увото. Оштетените приемни ќелии на внатрешното уво така можат да ѓи детектираат и претворат во нервни сигнали кои се проследуваат до мозокот. Колку е поголемо оштетувањето на приемните ќелии толку е поголем степенот на оштетување на увото и појачувањето на слушниот апарат ќе биде поголемо.

Доколку се сомневате дека Вашиот слух е оштетен и мислете дека би имале корист од слушни апарати, посетете го својот матичен доктор кој ќе Ве испрати на доктор специјалист за уво, нос и грло - оториноларинголог. Тој ќе ја провери причината за оштетениот слух и со мерење ке го утврди неговиот тип и степен.

Мерење на слухот (аудиометрија) се врши во звучно изолирана просторија (глува соба) со користење на посебен уред-аудиометар. На испитаникот на ушите му се ставаат слушалки преку кои му се пуштаат тонови со различна јачина и висина, а негова задача е дава знаци кога го слуша тој тон со притискање на тастер или дигање раце. Резултатите од испитувањето се бележат на аудиограм, кој претставува графички приказ на типот и степенот на оштетување на слухот. Овој резултат е почетна основа за изборот на модел на слушни апарати.

Постојат различни модели на слушни апарати, но во основа сите имаат исти главни компоненти:

1.Микрофон - ги собира звуците од околината и ги претвора во електрични сигнали.

2.Појачало - го појачува интензитетот на сигналот од микрофонот. Филтрите го модифицираат звукот така да се појачуваат само оние звуци кои се важни за корисникот.

3.Звучник - приемник - ги претвора обработените електрични сигнали во звучни сигнали за да би слушал корисникот.

Покрај овие три компоненти, современите дигитални слушни апарати вклучуваат и мал компјутер - процесор кој ѓи обработува звучните сигнали за да ѓи прилагоди на индивидуалните потреби на корисниците.

Слушните апарати навистина помагаат.

Вашиот свет повторно ќе почне да се отвара. Ќе ги слушате звуците кои не сте ги чуле одамна. Комуникацијата со околината ќе Ви биде полесна. Ќе осетите дека помалку се заморувате кога тежнеете да ги разберете луѓето со кои разговарате.