Кој слушен апарат е најдобар за Вас зависи од степенот на оштетување на слухот.

При одбирањето на модели на апарати ќе Ви ги понудиме оние кои најмногу одговараат на Вашите потреби и животен стил. На изборот секако влијае и цената на слушниот апарат која може да биде од 0 до неколку десетици илјади денари. Како и при купувањето на други електронски уреди, цената зависи од моделот и техничките карактеристики на слушниот апарат. Меѓутоа, немојте тоа да ви биде пресудно во вашиот избор. Само затоа што еден модел е поскап од другиот не значи дека ќе ги задоволува Вашите потреби.

Доколку Вашето оштетување е обострано секако дека ќе Ви препорачаме носење на два слушни апарати. Слушањето со двете уши - бинаурално слушање е природен начин на слушање. Ни овозможува да ги слушаме звуците попрецизно и поприродно, особено во бучни опкружувања, да ги слушаме гласовите од поголема далечина, подобро да го разбираме говорот и подобро да се ориентираме во просторот.

 

Носењето на слушен апарат само на едното уво Ви ја намалува способноста за слушање и разбирање на другото уво.

Носењето на два слушни апарати овозможува Вашите уши да работат заеднички и најдобро што можат.