Успех во користењето на слушните апарати бара време и трпение. Редовното носење допринесува за полесно навикнување. Кога ќе одберете модел кој Вам ви одговара ќе ви ги дадеме сите неопходни информации за неговите карактеристики, правилна употреба и одржување.

Еве неколку добри совети.

  • Носете ги слушните апарати по дома, дури и кога сте сами.
  • Пробајте да ги идентификувате звуците околу вас (на пр. Прибор за јадење, шуштење на водата, телефонот, звукот на фрижидерот, клима уредот...). Кога еднаш ќе го откриете изворот на поедини звуци, тие ќе постанат помалку непријатни.
  • Читајте на глас. Ќе приметите дека Вашиот глас звучи другачије со слушни апарати. Тој исто така ќе биде и погласен, со оглед на тоа дека микрофонот на апаратот е поблиску одколку гласовите на друѓите луѓе.
  • На почетокот пробајте да разговарате само со едно лице во тивка просторија. Ова е многу лесна комуникациска ситуација и Ви овозможува постепено да се навикнете на посилни звуци без присуство на бучава.
  • Кога ќе бидете спремни испробајте ѓи своите апарати во потешки ситуации во кои разговараат повеќе лица и каде има повеќе бучава.

 

 

Со упорност и вежбање ке приметете дека можете да ѓи носете во повеќето ситуации. Секако за тоа потребно е време, а и брзината на навикнување е индивидуална.