Долгорочната грижа за пациентите подразбира бесплатни подесувања на апаратите после купувањето, бесплатни совети од искусни дефектолози, обезбедување на сервис во гарантен и вон гарантен рок, батерии, средства за чистење и сите помошни уреди кои можат да го олеснат користењето на слушни апарати и да го подобрат квалитетот на живот на лицата со оштетен слух.

Својата политика на квалитет Аудитива ја реализира преку посветниот однос спрема пациентите, изработката на квалитетни аудиолошки протези и брзиот и централен сервис кој секогаш ги има на располагање сите делови на лагер.

Аудитива претставува максимална подршка за лицата со оштетен слух и нивните семејства и сигурен партнер на секој корисник на слушни апарати во текот на годините на користење.