1. Каде се произведуваат слушните апарати кои ѓи продавате?

-Аудитива го застапува светскиот лидер во производство на слушни апарати, данската компанија Oticon. Нивните слушни апарати се произведуваат во Европската унија.

2.Кои типови на слушни апарати постојат?

-Постојат два основни типа на слушни апарати:

1.Задушни кои се поставуваат зад увото со цевче кое оди во ушниот канал

2.Канални кои се поставуваат цели во ушниот канал

3.Како се можам да набавам слушен апарат?

-Слушните апарати можат да се купат приватно за кеш и на рати преку кредитирање од НЛБ - Тутунска банка, како и преку Фондот за здравствено осигурување ФЗОМ.

4. Која е цената на слушниот апарат?

-Поради тоа што Аудитива во својата понуда има преку 100 модела на Oticon слушни апарати, различни по своите карактеристики, можности и секако цената и начинот на набавување, тогаш и опсегот во цената е голем и се движи од 0 денари по апарат (преку здравственото осигурување ФЗОМ - под одредени услови кои ѓи пропишува фондот ФЗОМ) па се до преку

50 000 денари за најновите апарати кои содржат највисоко ниво на најсовремена технологија. Избор за  конкретен модел на слушен апарат се бира спрема степенот на оштетување на слухот на корисникот, начинот на живот и индивидуалните потреби. Аудитива повремено организира и акциски понуди каде може да купите апарат по намалени цени.

5. Кој е подобар слушен апарат, аналоген или дигитален?

-Дигиталните слушни апарати се апарати од најновата генерација и се подобри од аналогните поради тоа што освен што се со понапредни опции и технолошки решенија имаат и почист, помек и поприроден звук.

6. Дали е дволно да носам еден слушен апарат?

Препорака на сите специјалисти и стручњаци кои се занимаваат со оштетувањето на слухот е да се носат слушни апарати на обете уши доколку постои оштетување на слухот на двете уши. Со два слушни апарати се постигнува поприроден квалитет на звукот, подобро препознавање на звукот, посигурно снаоѓање во просторот, подобар слух и поширок опсег на слушање, подобрено разбирање и поопуштено слушање без напор.

7. Дали слушниот апарат може да се нарача преку интернет?

-Не, слушен апарат неможе да се нарача преку интернет поради тоа што пред да почне да се користи неопходно е да се направи подесување со помош на компјутер.

8. Дали слушниот апарат може да се купи без доаѓање во просториите на фирмата?

-Пред купување на слушниот апарат мора да се дојде во просториите на фирмата како би се извршило подесување на апаратот спрема резултатите од мерењето на слухот (аудиометрија) со помош на компјутер и специјален програм и неговото функционирање најдобро се усогласи со оштетениот слух на лицето кое ќе го носи.

9. Дали ваш слушен апарат се купува преку TV shop?

-Нашите слушни апарати неможат да се набават преку TV shop туку исклучиво во претставништвата на Аудитива низ Македонија.

10. Колку траат батериите за слушни апарати?

-Батериите за слушни апарати траат од 7-14 дена во зависност од моделот и типот на слушниот апарат.

11. Зошто батериите траат така кратко?

-Батериите траат релативно пократко одколку што луѓето обично очекуваат затоа што апаратите работат без престан во текот на денот и затоа што за силен звук на слушните апарати потребна е поголема количина на електрична енергија.

12. Дали имате слушен апарат со батерии за полнење?

-Препорака за слушните апарати е да користат нови стандардизирани батерии кои секогаш се максимално наполнети. Батериите кои што се полнат се со променлив капацитет и неможат да гарантираат изедначена работа на слушните апарати како новите батерии со стандарден капацитет.