Со проблемот на оштетување на увото се занимавале и старите Грци пробувајќи да разрешат како се слуша и од што е составено сетилот за слух (Хипократ, Емпедокле, Гален).

Човековото уво  е едно од најчуствителните сетила зад која комплицирана функција стои сложена анатомска градба. Ова е потврдено со фактот дека до сега не е конструирана ниту една направа толку ефикасна во анализата на звуците како човечкото уво. Се претпоставува дека тоа може да разликува повеќе од 400 000 различни звуци.

Во анатомска смисла, увото се состои од надворешно, средно и внатрешно уво. Надворешното уво има за функција да ѓи собира звучните бранови и да ѓи пренасочува кон слушното тапанче. Во средното уво се наоѓа ланец од слушни ковчиња (чекан, наковална и узенгија) кои служат за понатамошен пренос на акустичната енергија во внатрешното уво. Последната коска во овој ланец (узенгија) е поставена во овалниот прозор на внатрешното уво со што се завршува кондуктивниот дел од слушниот орган преку кој се врши трансмисија на звучните бранови. Перцептивниот дел е сместен во мембранозниот дел на полжавот и се вика Кортиев орган. Него го сочинуваат сензорни цилијарни ќелии долж базиларната мембрана и тие функционираат како механорецептори и ѓи трансформираат звучните вибрации во неврални кодови на кохлеарниот нерв. Механичката енергија при движењето на базиларната мембрана се трансформира во невралн код со соодветната фреквенција и интензитет одејќи преку слушниот нерв низ кохлеарното јадро до аудитивниот центар во мозокот.

Оштетување на било кој дел од аудитивниот систем може да доведе до различни симптоми како што се: редуциран слух, зуење во ушите, неможност на одредување на правецот на доаѓање на звукот.

Со проучување на сетилото на слух, преносот на звукот и начинот како тоа функционира се занимавале многу научници (Валсава, Котуњо, Јунг, Мајер, Хасе) пробувајќи да го објаснат сложениот процес на настанување на звукот. И денес во многу научноистражувачи центри во светот се спроведуваат испитувања на сетилото за слух со цел за подобро разбирање и ефикасна помош на растечката армија на лица со проблеми со слухот.