Доколку не гледате добро, дали би носеле наочари со диоптрија само на ендото око? Секако дека не. Исто така ако имате оштетување на слухот на обете уши, неопходни ви се два слушни апарата за двете уши. Колку е важно да се користат два слушни апарата ќе видете низ десетте предности од носење на два слушни апарата.

1. СИГУРНОСТ

Со слушање само на едното уво намалено е снаоѓањето во просторот, тоа може да биде опасно посебно во сообракајот.

2. ПОДОБАР СЛУХ

Со едното уво гласот може да се слушне на далечина од 3 метра, а со две уши може да се слушне на далечина од 10 метри.

3. ШИРОК СЛУШЕН ОПСЕГ

Лицето кое носи слушен апарат само на едното уво ќе предизвика губење на способноста за слушање и разбирање на другото уво на кое не носи слушен апарат.

4. ПОДОБРО ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЗВУКОТ

Многу звуци кои звучат многу слично кога се слушаат со едното уво, лесно можат да бидат препознати кога се слушаат со обете уши.

5. СЛУШАЊЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ

Како што природата е предвидела, слушањето со двете уши Ви дава можност да уживате во пријатните дружења со луѓето.

6. ПОДОБРЕНО РАЗБИРАЊЕ

Носењето слушни апарати на двете уши помага подобро да ги издвоите и разберете поединичните гласови.

7.ОПУШТЕНО СЛУШАЊЕ

Слушањето само со едното уво е психички заморувачко и стресно, што може да доведе и до пад на имуниот систем.

8. УБЛАЖУВАЊЕ НА СИЛНИТЕ ЗВУЦИ

Изненадните и силни звуци го губат поголемиот свој непријатен ефект кога се поделени помеѓу две ува.

9. ПОПРИРОДЕН КВАЛИТЕТ НА ЗВУКОТ

Носењето слушни апарати на обете уши во принцип бара помала јачина, давајќи поприроден звук на гласовите и музиката.

10. СЛУШАЊЕ БЕЗ НАПОР

Слушајте ги и тивките звуци со помало мешање на позадинската бучава.