Спрема податоците од студиијските групи во 1998 година во Европската унија околу 50 милиона жители имале некој проблем со слухот, од кои што кај 37 милиона било потребно корекција на оштетениот слух со слушни апарати. Половината од тој број се помлади од 65 години, односно припаѓаат на групата на работно способни жители. Во 2005. овој број е зголемен за 16 %, со што бројот на лица со оштетен слух во Европската унија го надминува бројот на жители во Франција. По друштвено и економско значење тоа е хендикеп бр. 1, а можно е да се санира со најмали вложувања, со што ќе се постигне подобрување на квалитетот на животот.

Не постојат добро документирани студии за вистинските заштедувања за друштвото, кои се постигнуваат со примената на слушни апарати и рехабилитација на лицата со оштетен слух. Американската проценка е дека годишно губи 56 милјарди долара (односно 216 долара per capita) поради несанираните оштетувања на слухот заради намалената продуктивност, трошковите за специјално школување и лечење на наглувите лица. Во EU тој губиток е на ниво од 75 милјарди евра (или 203 евра per capita), што одговара на изградба на 5 тунела под Ламанш. Во 2005 година овие трошкови изнесувале 87 милјарди евра, што е рамно на трошоците за изградба на 32 000 километра автопат, односно пет пати од патната мрежа на Германија.

Ако се обезбедат дигитални слушни апарати за сите на кои им е потребно, трошокот во првата година би бил нешто помал од губитокот кој настанува со нелекувањето на оштетувањето на слухот, додека после пет години, колку што е просечниот век на траење на слушниот апарат, оваа разлика се зголемува повеќе пати. Поради тоа вложувањето и санирањето на оштетениот слух се смета за најкорисна инвестиција.

Во популација од над 55 години 36 % од лицата имаат проблем со слухот, а над 80 години   93,6 %. Во овој милениум се очекува бројот на лица со оштетување на слухот да дојде до 30 % поради генералното стареење на популацијата. Времето на појавата на оштетување на слухот се поместува кон помладата возраст поради зголеменото ниво на бучава во околината и начинот на живот (музика, сообраќај, индустрија).

Лицата со оштетување на слухот кои не носат слушни апарати се склони кон изолација, осаменост, депресија, анксиозност. Квалитетот на нивниот живот опаѓа поради пореметената комуникација со околината, па често доаѓа и до нарушување на односите во семејството или губење на работата. Од 37 милиона лица со оштетен слух во EU само 9 милиона се обраќаат на доктор, а само 5 милиона носат слушни апарати. Спрема студиите од Mastrihta кои се однесуваат на мерење на квалитетот на животот (QALI), носењето на слушен апарат го подобрува квалитетот на животот за 15 %.

Во САД има милион наглуви со старост од 45-54 години (Baby boom генерација). Бил Клинтон значајно има допринесено во популаризирање на носењето на слушни апарати затоа што јавно зборуваше за својот проблем.

 

Околу 20 % од работно способното население постаро од 55 години има проблем со слухот. Лицата со оштетен слух не се витално загрозени па на оваа проблематика слабо се обраќа внимание. Околу 64 % од лицата со оштетен слух сметаат дека не им е потребен слушен апарат затоа што сеуште слушаат доволно. Повеќе од половината сметаат дека се скапи, а една третина дека не помагаат доволно. Петина сметаат дека слушниот апарат ѓи прави постари и дека апаратите се грди. Од причинителите за оштетување на слухот пациентите најчесто ја наведуваат изложеноста на бучава (33,7%), староста (28%), инфекции и повреди (17%), додека 4,4 % имаат вродено оштетување на слухот.