Современиот деловен свет е полн со предизвици на различни работни места, барања и вложувања во процесот на работа. Со добри слушни апарати може да се надминат проблемите на работа кои се јавуваат поради оштетениот слух.

Во зависност од степенот на оштетување и видот на работното место, влијанието кое оштетениот слух го има на работата е различно. Во вакви ситуации подобро е да преземете иницијатива и да ѓи запознаете своите колеги со ситуацијата и да и дадете до знаење околу тоа како тие можат да помогнат и што да очекуваат.

Бидејќи секоја личност има некои свои специфични потреби, така колегите нема да знаат кои се вашите потреби доколку јасно и недвосмислено не им кажете. Нема потреба да се извинувате за било што туку треба да бидете позитивни и да барате од луѓето да обратат внимание на работите кои можат да ја олеснат секојдневната работа. Добро би било веднаш при запознавањето да им дадете до знаење за оштетувањето на слухот и како може да помогнат, ако некој зборува премногу брзо ќе го замолете да успори малку т.е да зборува по споро, ако треба и погласно и во правец кон соговорникот.

Бидејќи не може да очекувате секој работодавач да знае многу за оштетувањето на слухот, немојте премногу да се потпирате на тоа дека самиот работодавач ќе преземе нешто. Затоа потребно е после личното информирање за правата и потребите да ѓи пренесете тие информации на работодавачот на еден позитивен и конструктивен начин. Треба да присоберете што повеќе информации за законските права и обврски на работодавачот, за практичните работи и подршки и да ѓи пренесете тие информации одштампани или по е-маил на работодавачот.

Може да биде многу корисно и да се поврзете со останатите кои имаат оштетување на слухот и меѓусебно да ѓи споделете своите искуства. Лицата кои веќе се сретнале со овие проблеми на работа можат да бидат многу расположени да помогнат на другите во давањето на подршка преку разни совети како да надминете одредени ситуации на работа и во работата со колегите. Освен лицата од истата фирма, може да се побарат преку познатства, преку интернет форуми, групи на друштвените мрежи и сл. и луѓе со оштетување на слухот кои работат во други компании и организации.

Иако тоа може да изгледа дека лицата со оштетување на слухот треба да работат понапорно за да се докажат на работа, важно е да останете позитивни и да го прилагодете начинот на својата работа и работно место за да искуството и вештините во работата дојдат до израз. Доколку е можно треба да се пронајде работа која е без многу бучава, каде може да се разговара лице во лице и да се направат останатите прилагодувања кои ќе допринесат до подобри резултати во работата.