Колко побрзо реагирате кога ќе се појави оштетување на слухот, толку побрзо ќе ја вратете острината, довербата и контролата. Правовремената реакција е од клучно значење при стопирањето на многуте негативни ефекти кои можат да се појават како резултат на изгубениот слух, како што се:

Сензорен пад

Кога не слушате што се случува околу вас, страда вашата ментална острина. Тоа е затоа што со намалувањето на слушните стимулации,со текот на времето може да се наруши способноста на мозокот да го обработува звукот и да го препознава говорот. Мозокот не ја добива вежбата која му е потребна.

Ментален пад

Истражувањта, доследно ѓи покажуваат значајните ефекти кои губењето на слухот ѓи има на друштвените, психолошките и когнитивните перформанси. Може да доведе до когнитивен пад и деменција.

Социјално повлекување

Затоа што разговорите одземаат многу повеќе ментална енергија кога се трудите да слушате, тогаш нетретираното оштетување на слухот може да ѓи доведе луѓето да избегнуваат дружење. Ако не се реагира навреме тоа може да доведе до изолација и депресија.

Колку побрзо побарате помош за подобар слух, толку побрзо ќе го спречете развојот на негативните ефекти

Дали Вие или некој Ваш близок ѓи чувствувате овие ефекти?

- Се чувствувате несигурно кога сте надвор затоа што не знаете од каде доаѓаат звуците

- Се чувствувате депресивно и осамено

- Станувате се повеќе изморени и потребен Ви е одмор после работа или дружење

- Имате проблем да запомнете и да се сетете што се кажале луѓето

- Имате потешкотии во следењето на разговорот, поготово на собири со повеќе луѓе

- Намален квалитет на живот поради оштетениот слух

- Оштетувањето на слухот не го погодува само лицето кое не слуша добро, туку и фамилиите на овие лица

Важно е да побарате помош ако забележете знаци на оштетување на слухот кај себе или кај блиски лица

Стручњаците за слух се се спремни да ве посоветуваат

Ако не гледате добро, би отишле кај оптичар. Ако имате проблем со забите ќе отидете кај стоматолог. Но од многу различни причини, како што се гордоста или непријатноста, многу луѓе избегнуваат да отидат кај стручњак за слух. Ние во Аудитива секогаш сме спремни да ви помогнеме.

Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнте овде >