Oticon и рок бендот Styx започнаа соработка за прв пат да направат пренос во живо од концерт на групат Styx за пациенти кои користат Opn слушни апарати кои можат да се поврзат на интернет. Концертот се одржа во USA во New Jersey на 22 Август во 9:30 p.m EST. Можност да го слушаат концертот имаа сите корисници на Opn без разлика на местото на живеење.

Овој концерт на бендот Styx беше дел од летната турнеја и за прв пат беше пренесувано концерт во живо директно на луѓето кои носат слушни апарати, давајќи им можност да преку апаратите примаат звуци од преносот во живо исто како да се на концертот.

Фамилијата на Oticon Opn слушни кои може да се поврзуваат на интернет, исто така може да се поврзат и со голем број на уреди на кои корисниците можат да слушаат TV, да се поврзат со ѕвоното од вратата, пожарните аларами и разни други современи паметни уреди. Овие мали, дискретни слушни апарати даваат поприроден и почист звук кој им овозможува на корисниците полесно да учествуваат во разговорот кој се одвива во бучно опкружување како што се рестораните, јавните настани или концертите.