Најчесто прашање на потенцијалните корисници на слушни апарати е нивната цена. Тоа не е изненадувачко затоа што слушните апарати не се главна тема и пошироката јавност многу малку знае за нив. Покрај тоа ако се земе во обзир економската ситуација и стандардот на граѓаните во државата тоа е и очекувано. Како медицинско помагало кое треба да помогне на луѓето кои имаат оштетен слух и не слушаат добро, слушните апарати имаат голем опсег на цени кои се разликуваат од различнита нивоа на технологија која се сосотои во секој поединечен модел. Тие различни нивоа на технологија ѓи одредуваат можностите на секој модел на слушен апарат, а самото тоа влијае и на крјаната цена на моделот на слушен апарат.

Слушните апарати се производи на најпредната технологија и секогаш се чекор пред сите друѓи производи во елктронската индустрија. Нив ѓи карактеризираат барањата за врвна минијатуризација, мала потрошувачка на енергија и високата сигурност во долгогодишната работа. Сите достигнувања во електрониката најчесто прво се применуваат во индустријата на слушни апарати. На пример, првиот транзистор во светот, за кој изум е доделена и Нобелова награда, во индустријата најпрво е употребен во слушниот апарат, затоа што претставувало голем скок во минијатуризацијата и намалувањето на потрошувачка на батерија во свое време.

 

Во споредба со модерните мобилни телефони, кои ни се познати и блиски на сите, слушниот апарат е неспоредливо помал и батериите траат далеку подолго, а сигурноста во работата се мери во години.

.

Покрај тоа луѓето воглавно незнаат дека цената што ја плаќаат за слушните апарати е уствари збир од комплетната услуга која корисникот ја добива за да би слушал подобро. Оваа услуга започнува со доаѓањето во некои од центрите за слух на Аудитива каде се врши почетниот разговор со дефектологот и каде врз основа на аудиометријата се прави проценка кои модели на слушни апарати би одогварле за конкретниот степен на оштетување на слухот. После тоа се пробуваат предложените модели на слушни апарати, се прави подесување во склад со степенот на оштетување на слухот и на крај врз основа на впечатокот и чувството на самиот пациент се одбира слушниот апарат кој најмногу одговара. После тоа се следи напредокот на корисникот во разбирањето на говорот, се анализира напредокот и се прават дополнителни подесувања. Тоа е постојан процес и е многу важна услуга која пациентите ја добиваат, за да обезбедат најдобри услови за добар слух и во годините после купувањето на апаратот. Во Аудитива сите овие услуги се бесплатни.

 

На цените на слушните апарати влијаат различни услуги кои се дел од процесот како до подобар слух:

 

1. Отоскопија - испитување на ушните канали и отстранување на церуменот доколку е присутен

2. Дијагностика на состојбата на слухот: опфаќа различни методи (аудиометрија, тимпанометрија, локализација на тинитусот итн.)

3. Професионална проверка на слухот и одредување на степенот на оштетување

4. Врз основа на степенот на оштетување на слухот се прави избор и програмирање на слушните апарати

5. После избирањето на соодветниот модел и подесувањето преку специјален софтвер, се врши обука на пациентот за користење на слушните апарати

6. Како што со текот на времето се менува слухот, така потребно е и да се прават корекции на почетните подесувања на слушните апарати

7. Редовна проверка на исправноста на слушните апарати

8. Создавање на сигурен доставувач на оригинални делови за да се обезбеди квалитетно и брзо функционирање на централниот сервис со минимално време на чекање (помалку од 24 часа)

9. Инфо служба за корисници која е достапна преку интернет, телефон или лично.

 

На пазарот во Македонија во понудата постојат слушни апарати од неколку светски познати произведувачи, а секој од нив нуди голем број на модели кои се бираат спрема степенот на оштетување на слухот на корисниците, нивните потреби и начин на живот. Цените за слушните апрати се различни и зависат од начинот на кој се набавува слушниот апарат. Доколку слушниот апарат се набавува преку Здравственото осигурување и се исполнети одредени пропишани услови на Фондот тогаш цената за слушен апарат изнесува 0 денари.

 

Доколку не се исполнети пропишаните услови на Фондот за набавување на слушен апарат преку здравстевното осигурување, секогаш постои можност за приватно купување на апарати за кеш или на рати, а напредните модели можат да чинат од неколку стотини евра па се до над 2000 за врвните модели со најновата технологија.

 

При процесот за набавка на слушни апарати треба да се биде многу внимателен затоа што на пазарот покрај слушните апарати има и разни уреди кои можат да изгледат како слушен апарат и кои се промовираат дека го појачуваат звукот. Меѓутоа тоа не се слушни апарати. Овие уреди обично се многу евтини за разлика од правите слушни апарати и можат да делуваат примамливо, но треба да се биде свесен дека ова не е медицинско помагало туку звучно појачало кое го појачува комплетниот звучен сигнал. Слушните апарати го појачуваат звукот спрема различните фреквенции и при подесувањето се прилагодуваат спрема оштетувањето на слухот на секој корисник посебно, а евтините уреди кои го појачуваат комплетниот сигнал можат да предизвикат болка и да го оштетат слухот на оние фреквенции кои биле сочувани. И помеѓу вистинските слушни апарати кои се медицински помагала постои разлика во цената и таа е обично се гледа во нивото на технологијата и подршката на корисникот, па така ниските цени на апаратите со себе носат и ниско ниво на технологија и помали опции за корисникот како и полош звук на апаратите, послаба подршка при бесплатното подесување и советување, итн.

 

Кога сте во фаза на избор на слушни апарати, Ве советуваме да испитате неколку различни модела на апарати. Пребарајте на интернет, гледајте огласи или најдобро е да го послушате советот на некој кој веќе има искуство со слушни апарати.

 

Во таа прилика распрашајте се за следниве услови:

 

1. Кој е произведувач на слушниот апарат? Водечките светски произведувачи се наоѓаат во Европа и Америка

2. Колку време е присутен произведувачот на територијата на Македонија.

3. Колку е голема дистрибутивната мрежа во Македонија? Бројот на претставништва и во кои градови? Какво е работното време?

4. Дали дистрибутерот има договор со ФЗОМ?

5. Проценете го професионализмот и стручноста на персоналот со кој сте биле во контакт.

6. Каква е подршката на корисниците, колку долго трае и колку чини?

7. Какви се условите на гаранцијата? Што е покриено со гаранцијата и колку долго трае?

8. Како е организиран сервисот? Во кој рок дистрибутерот тврди дека секој дефект ќе биде отстранет?

9. После истекот на гарантниот рок: колкава е цената на сервисот за најчестите сервисни интервенции?

10. Дали дистрибутерот има опции за проба, односно враќање на слушните апарати доколку не сте задоволни од резултатот? Во кој рок е можно да се вратат апаратите? Дали ѓи добивате назад сите свои пари?

Во Ваши нтерес е да добиете јасни одговри на претходните прашања. Ништо немојте да претпоставувате или да очекувате дека нешто ќе се подразбира. Одкако ќе станете корисник на слушен апарат сите одговри на овие прашања ќе станат многу важни за Вас.

 

Секако, пресудни се квалитетот на звуците кои ѓи слушате со новите апарати, подобрувањето во разбирањето на говорот, Вашето вкупно задоволство од новите апарати.

 

И за крај: цената на слушниот апарат и условите на плаќање треба да се согледат како збир на сите овие фактори.