Втор дел од интервјуто со Thomasom Behrensom, шеф на одделот за аудиологија во Oticon

Кои беа главните предизвици при развојот на Opn - от?

Како и секогаш кога креирате нови технологии кои ѓи отстрануваат препреките, ова беше подфат, да се припремат сите основни технологии да бидат подготвени и да се доведат на стабилно ниво пред да биде лансиран производот.

За да се осигура добра стабилна врска Bluetooth технологијата користи многу енергија, на пример помеѓу вашиот паметен телефон и компјутер, или вашиот паметен телефон и слушалките, или паметен телефон со автомобил. Јачината на батеријата во слушните апарати е релативно мала во споредба со онаа на компјутерите или автомобилите или паметните телефони, така да нам ни беше потребна нова технологија.

Таа технологија се вика “Bluetooth ниска енергија”. Моравме да направиме оваа технологија да работи во нашите слушни апарати и да создава силна и стабилна врска со слушниот апарат.

Тоа беше предизвикувачки затоа што Bluetooth технологијата комуницира на фреквенција од 2,4 гигахерци и таа фреквенција е многу подложна на препреки вклучувајќи ја и водата - тоа значи дека вашето тело може да постане препрека затоа што имаме многу вода во нашето тело. Имавме голем број на технички предизвици оваа технологија да работи а истовремено да не користи премногу енергија од слушниот апарат. Тоа беше еден од основните технолошки предизвици кои го имавме со Opn-от.

Покрај тоа моравме да ѓи стабилизираме и оптиматизираме перформансите на системот за намалување на бучавата. Ние тоа го викаме OpenSound навигатор затоа што овозможува на луѓето да се отворат спрема околината, да ѓи слушаат сите звуци и да се фокусираат на тоа што сакаат. Тоа е фундаментален аспект на начин на работа на мозокот, но таа функција често се отстранува или не работи во целост како што може кај луѓето со нетретирано оштетување на слухот. Овозможувањето на луѓето да се фокусираат на она што го сакаат и истовремено да останат отворени за сите звуци околу нив е нешто што на нас ни беше многу важно.

Во минатото, за да би се ослободиле од вознемирувачките звуци, слушните апарати мораа некако да создадат вештачки фокус на тоа што е пред човекот и во исто време да ги стишат сите останати звуци околу него. Тоа значеше дека луѓето во поголемиот дел од времето не би можеле да ѓи слушаат околните звуци.

Ако на пример, некој го спомне вашето име во бучно опкружување и таа личност не е пред вас, би ви било тешко да го слушнете тоа. Со Opn-от, тоа станува многу лесно затоа што во основа сме отворени кон сите звуци и ја отстрнуваме само бучавата која нема никакво значење.

Постојат голем број на детектори во слушниот апарат кои константно проценуваат дали звукот доаѓа од дадениот правец или бучава, дали има значење или не, на кое ниво е и на која фреквенција.

Користеме го овој систем за сортитање на звукот кој го испраќаме во слушниот апарат. Ова го правиме и ја оценуваме анализата на околината 500 пати во секунда, а потоа одлучуваме како да го промениме процесирањето во уредот за да оптимално ја подржиме употребата на слушниот апарат.

Дали тоа беше причината за името Opn?

 

Да. Во состојба сме да се “отвореме”. Не само да можеме директно да се отвореме спрема звуците околу лицата, туку веќе можеме и да ѓи поттикнеме. Намалувајќи го когнитивното оптеретување, ние луѓето зајакнуваме да се отворат за подобро да би ја прифатиле друштвената интеракција. 

 

Oticon неодамна ја освои престижната награда за дизајн Red Dot за Oticon Opn, какво влијание ќе има ова?

 

Тоа е секако многу убава награда што ја освоивме. Не сме ја освојувале веќе некое време, но ја имаме освоено и пред 10 години за уште еден многу иновативен дизајн на слушен апарат.

За нас е многу важно независните тела да ја препознаат нашата иновативност и особено да го добиеме ова признание за нешто што е за подобрување на здравствната заштита.

Последен пат бевме препознати за нов механички дизајн. Овој пат го свртевме вниманието кон дизајнот кој го олеснува животот на луѓето со оштетување на слухот.

Навистина ни е важно луѓето да можат да препознаат дека напорно работиме за да на луѓето со ошетување на слухот им олесниме да го живеат животот како тие што сакаат.

 

Колку Opn се разликува од другите паметни апарати на пазарот?

 

Имаме голем број на функции во уредот кои се единствени за Oticon Opn. Прва е системот OpenSound навигатор кој овозможува луѓето да се отворат према светот на потполно различен начин со отстранување на вознемирувачката бучава така да можат да ја совладат сложеноста на социјалната интеракција која обично се одвива во опкружувања кои се прилично бучни.

Исто така нудиме IFTTT поврзување засновано на она што го нарекуваме двојна радио технологија која овозможува слушните апарати да останат поврзани со интернет додека исто така овозможува и да комуницираат едни со други, така да двата слушни апарати на секоја страна од главата секогаш разменуваат информации за да ѓи оптимизираат перформансите на уредите.

Последната работа е нешто што е добро познато, но комбинацијата од сето ова е прилично единствена и сеуште, после година дена одкога го претставивме, Opn  е единствениот уред кој има IFTTT функционалност. Тој исто така е и единствен уред кој го има овој напреден систем за намалување на бучавата кој го намалува оптеретувањето на мозокот и истовремено ја подобрува способноста на луѓето да памтат.

 

(Izvor: News-Medical.net)