Трет дел од интервјуто со Thomasom Behrensom, шеф на одделот за аудиологија во Oticon

Што мислете дека донесува иднината за паметните слушни апарати?

 

Имаме некои многу амбициозни цели за паметните слушни апарати. Една од работите која ја планираме на подолг рок е да ставеме нешто како EEG во слушните апарати, така да уредот би можел на врши напреден надзор на мозокот во реално време. Врз основа на тоа што се случува во мозокот можеме да одлучиме како оптимално да ѓи подржуваме корисниците.

На пример, ако видеме од EEG анализите дека луѓето се преоптеретени и уморни од моменталните услови на слушање, тогаш можеме да ја намалеме количината на подршка која ја даваме на корисникот преку апаратот.

Постојат и голем број на идеи како може да го искористите EEG-то за да ја подобрете функционалноста на слушниот апарат. Од EEG-то може да откриете каде луѓето гледаат и тоа може да се искористи за оптимизација на звукот на тоа што луѓето го гледаат.

Постојат и други знаци. На пример, од EEG-то може да откриете дали луѓето дремат или не. Ако дремат, можеби ке сакате да ја намалете амплификацијата. Не да ја намалете премногу, туку доволно да слушаат дали се нешто случува за да би можеле да реаѓираат и понатаму ако е потрбено тоа, а сепак да не ѓи вознемирува и најмалиот звук од опкружувањето. Постојат многу работи кои можеме ѓи оствареме во иднина.

Исто така во слушните апарати може да се вградат и функционалности кои ќе регистрираат дали луѓето трчат, одат, лежат или стојат. Можеме да ја детектираме срцевата фреквенција и многу други различни аспекти од здравјето на луѓето. За нас се работи за одлучувањето за тоа што сметаме дека се важни аспекти за здравствената нега на слухот кои стварно сакаме да ѓи поставиме како приоритет и ѓи применеме што побрзо.

Не велам дека ова е лесно. Гледаме дека постојат технолошки предизвици во примената на сите овие технологии во многу мал механички дизајн и сето тоа да работи на многу ограничен извор на енергија како што е малата батерија во слушниот апарат. Меѓуто тоа нас не не спречува да имаме амбиции да им олеснеме на луѓето кои имаат оштетување на слухот полесно да го живеат својот живот.

Сакаме луѓето да ќе ги стават слушните апарати наутро и тогаш повеќе да не размислуваат за нив се додека не ѓи извадат навечер да ѓи стават да се полнат за следниот ден на употреба.

 

Ве молам дали можете да го објаснете изразот “Brain hearing (Мозочно слушање)?

 

Тоа што мозокот постојано го прави е многу повеќе од само чувствувањето на звукот. Добро чувство на слухот значи дека мозокот треба да остане социјално поврзан. Таа социјалана поврзаност е награда која ѓи мотивира луѓето да се ангажираат, и кога тоа го прават на најдобар можен начин го стимулираат мозокот да работи добро.

Тоа е во основа како ние сакаме да ја развиваме слушната технологија; да не гледаме на слухот само како изолирано сетило, туку и да гледаме како му овозможува на корисникот да прави што сака. Како што реков, ние документиравме дека Opn ја подобрува способноста на луѓето да го слушаат говорот во бучава, но исто така и го намалува оптеретувањето на мозокот и им овозможува повеќе да памтат.

Тоа покажува дека размислуваме многу пошироко за рехабилитацијата на слухот и што може добро подесен апарат да направи за лицата со оштетен слух.

Што е визијата на Oticon?

 

Сакаме да помогнеме на луѓето да го живеат својот живот со помош на слушниот апарат кој го имаат. Кога го велиме тоа, ние и навистина го мислиме во секој поглед. Поентата е во тоа да се приспособат да работат како што сакаат, затоа што луѓето со нетретирано оштетување на слухот имаа тенденција да се повлечат во себе и постанат социјално изолирани.

Социјалната изолација е многу добро документирана како нешто што убрзува голем број на многу сериозни здравствени проблеми како што се депресијата и зависноста, каде што луѓето не можат да живеат во својот дом онолку долго колку би можеле поинаку.

Исто така може и да го забрза процесот на деменција што е многу сериозно. Сметаме дека многу е важно луѓето кои имаат значително оштетување на слухот задолжително да го третираат. Секако дека го кажуваме тоа како произведувач на слушни апарати, но претходно за тоа сме имале бројни разговори со независни истражувачи и сите се сложуваат дека несаканите особини на слушните апарати се толку мали да нема причина да не се користат слушни апарати ако имате значајен губиток на слухот затоа што потенцијалната корист е огромна, иако тие денес не се навистина широко признати во друштвото.

 

(Izvor: News-Medical.net)