Лугето слушаат со мозокот а не со ушите.
Ушите секако дека ни требаат за прием на звуците, но ние овие звуци ги разбираме дури кога ке стигнат во нашиот мозок. Значи, слушањето - а особено разбирањето на говорот - е когнитивен, а не механички процес. Со други зборови: слушањето е размислување.

Нашите уши ги проследуваат сите звуци кон нашиот мозок. Тие не избираат што да испратат; всушност никогаш и не одмараат. Дури и кога спиеме, нашите уши испракаат звучни информации кон нашиот мозок. Тогаш нашиот мозок ја врши целата работа. Мозокот ги филтрира и ги исфрла ирелевантните звуци, како што се разговорите на другите луге кои зборуваат во ресторан, или сообракајната бучава во позадина. И без наша свест за тоа, мозокот постојано работи на изборот од тоа што слушаме и одлучува колку внимание треба да му се даде на секој звук.

Но пред да се донесе одлуката, нашите мозоци прво мораат да го извлечат значењето од       маса на преклопувачки звучни бранови кои го исполнуваат воздухот. Земајќи ги звучните сигнали од обете наши ува и споредувајќи ги, тие го лоцираат изворот на различните звуци.

Ги користиме информациите за локациите за да одредиме кои делови од оваа маса на звуци доагаат од одредени објекти, луге па и животни - овие вештини евоулирале со текот на нашето примитивно минато, кога ефикасното лоцирање на опасностите и храната е било клучно за нашиот опстанок.

Мозокот ги претвара звуците во значење

Кога нашиот мозок го издвои изворот на звук, ги споредува овие звуци со нашите секавање. На овој начин може да се утврди дали звукот е нешто што сме го слушнале порано и со самото тоа нешто што веке ни е познато. Исто така, мозокот понекогаш не пронаога сличен звук во нашите секавања. Тогаш може да додаде ново секавање, спремно за споредување наредниот пат. Во мегувреме, предупредени сме од опасноста предизвикана од непознатиот звук.

Еднаш кога мозокот ке земе сирови звучни податоци од нашите уши и ги трансформира во значење, тој може да дознае повеке информации од нашето опкружување. Од должината на времето потребно за ехо на звукот, и количината на створенто ехо, нашиот мозок ни дава чувство колку е голем некој простор. Исто така дознаваме и за типот на површините кои постојат во просторијата, од начинот на промената на звуците кои се одбиваат од нив на патот кон нашите уши.

Сите овие калкулации се одвиваат истовремено во мозокот. Знаејки дека мозокот звукот го претвора во значење, слушањето не е само звуците да се слушаат доволно гласно. Слушањето бара ние да осигураме мозокот да ги добива сите потребни информации за звукот. Не смее да пропушти звучни информации на некои фреквенции или звуци од одредени правци.

Ако вашиот мозок не добие соодветни звуци кои може да ги обработи, потребно е да се вложи многу напор за да се добие значење од делемичните звучни слики. Секогаш кога недостасуваат звуци, мозокот пробува да го пополни јазот - тоа често е еден тежок и исцрпувачки процес.

Слушните апарати можат да го подржат мозокот

Наместо да го појачувате звукот и со тоа и да го преоптеретите својот мозок, морате да го подржите вашиот мозок пружејќи му услови кои му се потребни за функционирање. За да добие звукот точно значење, на мозокот му е потребно пристап до комплетниот звучен опсег, за да може природно да се фокусира на најбитните извори на звук.

Современтие слушни апарати можат да му го обезбедат тоа на мозокот. Со процесорите кои се појаки од  било кога порано, тие не мораат да го намалуваат звучниот опсег кога сте во бучни опкружувања. Одкако искусното стручно лице за слух правилно ке ги подеси слушните апарати, тие тогаш можат да ги надополнат деловите од звучното поле кои недостигаат и повторно да создадат услови за кои вашиот мозок е дизајниран да работи.