Оштетувањето на слухот е една од најчестите здравствени состојби. Од милијарда луге во светот, едно од шест лица има губиток на слухот. Во светската популација помегу лугето со старосна граница од 65 и повеке години, едно од три лица има губиток на слухот. И покрај тоа, многу луге живеат со оштетен слух и не преземаат ништо во врска со тоа.

Иако губење на слухот може да се случи изненадно, тоа најчесто е постепен процес. Без прецизно мерење на слухот од еден ден до друг, тешко е да забележите дека вашиот слух постанал лош.

Всушност, најчесто пријателите и семејството на лицата со оштетен слух се први кои забележуваат колку тоа влијае на животот - многу порано пред тоа лице да забележи самото.

Согледување на карактеристично однесување

Можеби ке забележите дека некој го појачува многу силно звукот на уредите како што се TV, музички плејер или радиото. Можеби им е тешко да го пратат разговорот кога сте заедно во ресторан или кафич. Можеби се мачат да слушнат што зборуваат малите деца.

Други луге забележуваат проблеми кога се во улица полна со сообракај - тешко им е да ги разбираат звуците измегу бучавата од сообракајот и останатите различни звуци.

Ако некој кого познавате има оштетување на слухот, веројатно ке забележите дека неговото друштвено однесување се променило. Најчесто овие лица се повлекуваат од друштвени активности и чувствуваат срам, вина или лутина. Исто така може да постанат повеке самокритични, фрустрирани или депресивни. Сите овие однесувања исто така може да имаат негативно влијание и на секој кој е во нивно опкружување.

Зависност од тугите уши

Ако поминувате доста време со некого кој има оштетување на слухот, ке забележите дека често мора да го повторувате тоа што го зборувате. Често ке се бара од вас да објаснувате што сте кажале, ке се бара од вас да повторувате и што кажале другите било кога тоа лице ке чувствува потреба.

На некој начин, лесно можете да постанете додаток на ушите на тие лица. Мегутоа, иако тие можат да се носат со оваа ситуација, веројатно вие ке се осекате исцрпено до крајот на денот - а тоа секако може да продолжи и преку нокта.

Прекинување на навиките кои не помагаат

Во просек потребно е 8 години за некој со губиток на слухот да почне со рехабилитација. Тоа е осум годишен период во кој тие лица имаат недостаток на звуци кој го прават животот побогат: смеењето на децата, цврцорењето на птиците, звукот на брановите на плажата ... итн.

Станувате свесен за бројните напори кои сте ги направиле за да “преведете” и тоа би можело да биде прв важен чекор кон почетокот на рехабилитацијата на лицето со оштетен слух. Свакајки го обемот на подршка која им треба и која им ја пружите, може да ви биде поттик да преземете акција во име на обајцата.

Кога се соочени со тоа дека не слушаат добро, некои луге тоа едноставно го негираат. Во овакви случаеви потребно е храброст, трпение и упорност да убедите некој кого сакате да прифати дека не слуша добро. Обично е најдобро да имате мирен, внимателен и постепен пристап. Доколку не успеете првиот пат, немојте премногу да навалувате - само пробајте повторно некој друг пат.

Прифакање на фактите дека не слуша добро е голема случка во животот на таа личност. Потребно е време лицето да прифати дека има оштетен слух. Добрата вест е дека секој може да го прифати тоа и со помош на слушни апарати повекето ке можат да слушаат подобро.

Ако во своето опкружување имате лице за кое мислите дека не слуша добро, препорачајте му ја нашата акција за бесплатна проверка на слухот.