Се викам Стерјовски Славе ,татко сум на две деца и по професија сум високо квалификуван возач и со тоа се занимавав се до моето пензионирање.

Слухот го губев постепено како резултат на мојата професија,и ми беше тешко да се поврзам со околината и да ги остварам моите желби и цели. Откако го добив ОTICON апаратот мојот живот се промени. Јас сум инаку љубител на музиката, компонирам мелодии и пишувам текстови за песни. Поради што бев попречен со слухот, откако го добив апаратот мојата цел моментално е да издадам мое CD со новокомпонирани песни.

 

Моментално мојот живот е полесен и подобар, што претставува  мое големо задоволство да го слушам џагорот на моите внуци и разговорот на моите пријатели. Сега уживам во моите пензионерски денови беспрекорно. Секој нов апарат ке го набавувам во фирмата “Аудитива” каде вработените максимално се трудат да го прилагодат мојот апарат додека возам, пеам или слушам музика.

 

   Им препорачувам на сите кои имаат проблем со слухот да се јават во фирмата “Аудитива” за да си го подобрат својот слух и квалитетот на животот.