Ви честитаме! Со самото земање на слушни апарати имате направено голем чекор кон подобар слух. Додека се навикнувате на секојдневното носење на новите слушни апарати Ви даваме неколку совети кои можат да помогнат.

На Вашите уши им е потребно време да се прилагодат на слушните апарати

Оштетувањето на слухот настанува постепено со текот на годините. Тоа значи дека не приметуваме дека слухот ни се влошува. Тогаш еден ден земете слушни апарати и ги вклучете! Ова може да биде голема промена и затоа е потребно време за да се навикнете на тоа. Звуците кои не сте ги слушале подолго време наеднаш повторно ви се достапни. Звуци како што се вашите чекори или сопствениот глас можат да звучат различно или превише гласно. Тоа е затоа што слушаме со помош на мозокот, така да нашиот мозок мора повторно да се научи како да ги обработува и да дава смисол на сите нови звучни информации кои сега ги прима. Сето ова трае некое време, па припремајте се и запомните - наскоро ова чувство ке постане нормално.

Запомнете дека никој не може да слуша се

Често се случува кога лугето ги добијат слушните апарати да помислат дека нивните нови уреди не работат како треба.

Тоа се случува затоа што со текот на годините заборавиле како е тоа кога слушаш нормално. Затоа кога добијат слушни апарати можат да бидат разочарани на пример затоа што не можат да слушат што се случува на другиот крај од ресторанот.

 Ако ова на Вас ви звучи познато, запомнете дека и лугето со нормален слух исто така не можат да слушаат се! Така да додека да се навикнете на новите можности за слушање, пробајте да не го појачувате звукот премногу и да не ги менувате програмите на апаратите пречесто. Пробајте прво да стекнете општо чувство на слушање со слушните апарати.

Користете ги своите слушни апарати што повеке е можно

Навикнувањето на новите слушни апарати на почетокот може да биде многу тешко и напорно. Како што вашиот мозок се прилагодува така ке бара се повеке ментална енергија во текот на денот. Некои луге секој ден ке се чувствуваат изморено после неколку часа носење на слушните апарати.

 Ова е во ред ако почнувате да носете слушни апарати - морате постепено да се навикнувате на нив. Мегутоа важно е да продолжете да го зголемувате времето на носење и да пробате да ги носете колку можете повеке во текот на денот.

Исто така важно е на почетокот да ги носете во тихо опкружување, иако може да помислете дека се помалку корисни при вакво користење. Но дури и ако ги користите сами по дома, сепак помагате вашиот мозок да се навикне побрзо на нив.

Чувајте ги злушните апарати на безбедно место коага не ги носете

Вашите слушни апарати се отпорни но не се неуништливи. Затоа кога одете да се туширате или да спиете, осигурајте се дека се на сигурно место.

Чувајте ги вон досег на деца или кукни миленици. Не дека само Вашие слушни апарати можат да бидат оштетени туку и батериите за слушните апарати можат да биддат опасни ако се проголтаат. Ако случајно се случе да се голтне батерија обратете се кај својот доктор или ветеринар.

Важно е слушните апарати да ги чувате подалеку од влажни места како што е купатилото и од места со прашина и нечистотии. Добра идеја е да имате тврда заштитна кутија и кога сте надвор од дома, на пример на плажа или базен.

Вратете го Вашиот слух во нормала

Одкако ке ги купете слушните апарати потребно е да го прилагодите својот слух спрема опкружувањето. Ако сте имале многу зголемена јачина на звукот од телевизорот, прашајте некого со нормален слух да го подеси звукот на нормално ниво и потоа оставете го така. Тогаш ке знаете дека е на просечно ниво додека се навикнувате на новите слушни апарати.

Можеби би требало да гледате телевизија со вклучен превод за да помогнете на својот мозок да се навикне во поврзувањето на звукот и јазикот. Исто така може да биде од помош ако ги затворете очите и пробате да слушате од каде доагаат звуците.

Доколку имате потреба посетете не во Аудитива за дополнително подесување

После неколку недели би требало да се навикнете на слушните апарати и да имате претстава како Ви одговараат и дали е потребно дополнително подесување. Мегутоа, тоа е многу тешко да се процени доколку не ги носете секојдневно подолг временски период.

Кај некои луге слушните апарати работат добро после првото подесување. Мегутоа, кај некои луге  може да се случи некои работи да се премногу гласни во одредени ситуации, или се случува да не ги слушаат високите фреквенции за разлика од останатите кои ги слушаат.

Тоа е затоа што подесувањето на слушните апарати е индивидуално и звуците кои Вашите слушни апарати ги слушаат мора да бидат прилагодени на вашето оштетување на алухот. Значи, доколку не ви одговара звукот на слушните апарати кои сте ги земале можеби ке биде потребно да не посетете во Аудитива за дополнително подесување од страна на Вашиот дефектолог.

Запишете ги сите потешкотии кои ги имате со слухот

Ако повторно го посетите својот дефектолог за дополнително подесување на слушните апарати, веројатно ке ве праша за Вашео искуство од претходните недели. Може да биде многу тешко да се сетите на се! Затоа добра идеја може да биде доколку водете дневник и ги запишувате сите потешкотии со слухот и слушните апарати. Со овие забелешки лесно ке можете да се сетите на сите потешкотии кои сте ги имале и ке можете да ги пренесете на Вашиот дефектолог на кого ке му бидат од голема важност при дополнителното подесување на апаратите. Исто така добро би било да поведете некој пријател или роднина со Вас затоа што тие можеби имаат забележано некои работи кои се однесуваат на Вашиот слух а кои Вие не сте ги приметиле.