Затоа што квалитетот доага со традицијата во областа на слушните апарати која е преку 114 години...
Компанијата Oticon е еден од најстарите производители на слушни апарати со мнгоу долга и богата традиција во оваа област која почнува од 1904. година и која гарантира врвен квалитет на производот.

Историјата на данскиот произведувач на слушни апарати Oticon е заснована на идејата да се помогне на лугето. Приказната Oticon започнува со желбата еден човек да и помогне на неговата жена да има поквалитетен живот кој бил нарушен од нејзиното оштетување на слухот. Оваа желба да се помогне на лугето на кого им е потребна подршка за подобар слух е она што го придвижува Oticon веке повеке од еден век и што ке го придвижува и во иднина.

Краток историјат на компанијата Oticon

Oticon може да се пофали со голем број на различни технологии за подобар слух кои се развиени со текот на времето благодарејќи на богатата историја на компанијата и постојаното усовршување.

Подоле се наведени најбитните пресвртници во развојот на Oticon:

Во 1904 год. компанијата е основана во Данска од страна на Hans Demant, потикнат од неговата желба да помогне на својата жена која имала оштетен слух. Првиот слушен апарат е продаден во 1904 година и поради големиот интерес, Hans кој дотогаш имал работилница за изработка на часовници, се посветил на работата со слушни апарати како дистрибутер во Данска, Норвешка и Шведска.

Во 1910 год. кога Hans починал, неговиот син William ја презел работата и почнал да ја развива визијата на компанијата каква сега ја познаваме.

Во 1940 год. William Demant прв почнал да произведува слушни апарати кои се направени во Данска, попознати како Acousticus.

Во 1946 год. Компанијата за слушни апарати официјално почнува со користење на името “Oticon” засновано на грчките зборови “уво” (oti) и “з” (con).

Во 1977 год. поттикнат од мегународниот развој, Oticon го претставува првиот ултра дискретен in-the-ear слушен апарат.

Во 1996 год. Oticon го лансира првиот дигитален слушен апарат DigiFocus. Напредна амплификација на звукот се програмира така што се прилагодува на индивидуалното оштетување на слухот.

2004 год. - Oticon прославува 100 години од основањето и почеток на грижата за слухот на лугето на кого им е потребна подршка за поквалитетен живот. Компанијата ја претставува слоганот “People First (Лугето на прво место)” и позната е по целиот свет како еден од најголемите производители на слушни апарати.

2007 год. - Редифинирање на слушните апарати - Oticon  лансира нов модел Epoq. Сега двата слушни апарати континуирано можат да комуницираат помегу себе и да создаваат поприродна звучна слика. Новото технолошко решение создава подобро чувство на звучната слика во околината на корисникот и овозможува поврзување на слушните апарати со мобилни телефони и други уреди.

2014 год. - Слушаме со помош на мозокот - Најновиот Oticon слушен апарат со помош на BrainHearing технологијата работи на начин на кој мозокот работи и создава чувство према звукот кое е приближно како природното слушање со многу помалку оптеретување на мозокот и умор на корисникот.

Денес Oticon е интернационална компанија која произведува и дистрибуира слушни апарати на лугето во преку 120 земји во светот и секоја година вложува огромни средства во развој на најнова технологија и често е лидер во револуционерни технолошки пронајдоци кои се применуваат во апаратите за слух.

Во Oticon лугето се секогаш на прво место и тоа е постојан потсетник од важноста на слухот за поквалитетн живот. Затоа што слухот и комуникацијата се многу важни за односите помегу лугето, Oticon се фокусира на иновативни и најсовремени технологии кои ке помогнат во одржувањето на овие односи.

Сите модели на Oticon слушни апарати се со врвен квалитет и современ дизајн и можат да корегираат различни степени на оштетување на слухот (од лесни до многу тешки) а многу од моделите имаат и безжична конекција со мобилниот телефон и други уреди. Најновите модели на Oticon слушните апарати се први во светот кои можат безжично да се поврзат на Интернет и да му даваат на корисникот дополнителни корисни функции а имаат и можност да го маскираат тинитусот (зуење во ушите) и на тој начин да го елиминираат или намалат во прифатлива мерка.