Oticon Xceed / Xceed Play е изграден на Velox S платформата, најбрзата платформа меѓу сите производители. Ова е најсилниот слушен апарат на светскиот пазар, со излезна сила 146 dB! Достапен е во два BTE стилови - SUPER POWER и ULTRA POWER.

Некои од карактеристиките на Oticon Xceed и Xceed Play слушните апарати:
- Xceed и Xceed Play се слушни апарати со најголема излезна сила
- Дизајнирани се да го зголемат разбирањето на говорот кај лицата со тешки и многу тешки оштетувања на слухот.
- Супериорната функција OpenSound Optimizer овозможува најголема излезна сила со ефикасно спречување на feedback. Со тоа се постигнува максимално појачување на високите фрекфенции, а со тоа и разбирање на говорот во многу бучна средина.
- Xceed i Xceed Play UP имаат излезна сила од 146 dB!
- Поседуваат можност за меѓусебна  wireless конекција на слушните апарати како и со широк спектар на помошни уреди: далечински микрофон, далечински управувач, мобилен телефон, ТВ итн. 
- Можност за лоцирање на изгубени слушни апарати на Google maps!

Xceed е наменет за возрасни во три подмодели со различни цени: Xceed 1, Xceed 2 i Xceed 3. Поседуваат IP68-сертификат (дизајнот вклучува отпорност на вода, прашина и нечистотии). Достапен е во седум бои на куќишта изградени од биокомпатибилен и антиалергенски материјал.

Xceed Play е наменет за деца. Поседува сигурносна вратичка за батерија чија функција оневозможува децата случајно или по грешка да ги проголтаат батериите. Максимално е отпорен на вода и прашина. Поседува  LED индикација која им овозможува на родителите да ја следат работата на апартите. Достапен е во 12 атрактивни бои за деца.

Слушните апарати Xceed i Xceed Play овозможуваат употреба на додатна опрема за комуникација како ште се: Oticon ON App, ConnectClip, Remote Control 3.0, TV Adapter 3.0, Phone Adapter 2.0, Amigo FM. Xceed i Xceed Play имаат можност за бежична конекција со  iPhone и други паметни уреди. Oticon ON App им овозможува на родителите и поголемите деца контрола на јачината на слушните апарати, промена на програми, контрола на нивото на батеријата.


(Пред употреба прочитајте го упатството! За намената и несаканите реакции на медицинското средство посоветувајте се со лекар или фармацевт.)