Губењето на слухот е потполно или делумно намалување на способностите да се слушне или разбере говорот. Може да биде вродено или да настане со делување на широк спектар на биолошки и еколошки фактори: цитомегаловирус, заушки, менингитивс, АИДС, сифилис, лајмска болест, дијабетес, туберкулоза, хипотиреоза, артритис, лекови, бучава и др.

Терапијата на оштетениот слух се спроведува во зависност од причините и може да биде: медикаментозна, хируршка, со слушни апарати, кохлеарни импланти.

Зуењето во ушите (тинитус) е чувство на звук во увото кое се јавува и трае без присуство на надворешен извор на звук. Тинитусот не е болест, туку симптом, кој доведува до пореметување на сонот, умор, анксиозност, стрес, проблеми со помнењето и концентрацијата.

Ставот дека во лечењето на ова, после тримесечна медикаментозна терапија, не може да се направи повеќе ништо, не е променет со искуствата на аудиолошките центри во светот. Комбинираниот третман на тинитусит (МТТ третман), прилагоден на секој пациент, дава значајни резултати во пребродувањето на овие непријатни слушни сензации кои често се причина за ментално и емоционално страдање. 

Мисијата на решавањето на проблемите со слухот и тинитусот е помош за лицата, покрај личното доживување на звукот, да остварат нормална комуникација и да се вклучат во сите текови на животот.

 

ДОБАР СЛУХ - ДОБАР ЖИВОТ!

 

Доколку се сомневате дека не слушате добро, го зголемувате гласот на телевизорот, или чувствувате зуење во ушите, контактирајте не и ние ќе се потрудиме да Ви помогнеме.

 Во Аудитива секогаш ќе добиете најдобро решение за Вашиот слух, а квалитетот го гарантира и традицијата на успешно работење, задоволни корисници, бесплатна поддршка по купувањето и гаранција на слушните апарати.

Закажете го Вашиот термин за бесплатна проверка на слух во некое од нашите претставништва.