Нашите уши ни носат многу во животот. Без сетилото за слух, светот би бил сосема тивко место. Но, што уште би пропуштиле? Еве неколку неверојатни работи кои сетилото за слух ги прави за нас.

Звукот е насекаде, во секое време. Што и да се помести, се создава звук. Најмала четка, стругање или слично создаваат ситни вибрации кои стануваат звук. А секој звук носи некоа инфорација за светот.

 

 

Заради ова животните и луѓето развиле сосема чувствителен слух. Сите животни можат да слушат - иако некои животни се слепи. После милиони години еволуција, нашите уши станаа неверојатно оружје кое го оживува светот.

 

 Имајќи во предвид дека слухот секогаш ни бил важен, изградивме свој свет околу него. На пример, систем звучничи со разглас Ви дава важни информации додека поминувате покрај железничка станица. Исто така, апликациите за навигација, Ви даваат гласовни команди, така што можете да ги следите упатствата без да го спуштите погледот.

 Се почесто се користат и електронски звучни сигнали за корисникот да биде известен, на пример известување дека Вашата храна е спремна или дека сигурносниот појас во автомобилот не е поставен.

Ушите ни помагаат да ги одржуваме работите исправни. Шкрипењето ни говори дека нешто треба да се подмачка, дека е нешто лабаво и слично. Без овие едноставни траги и сигнали животот би ни бил секако покомплициран.

Доколку се сомневате дека Вашиот слух е ослабен и дека не слушате добро, можете да ја искористите акцијата и во Аудитива бесплатно да направите проверка на Вашиот слух.