Дури и кога спиеме, слушаме. За ралика од затворените очи, нашите уши остануваат отворени и спремни да не предупредат на се што е потребно. Затоа користиме аларм да се разбудиме наутро.

 

Во текот на помалку сигурните периоди во нашата еволуција, способноста да се разбудиме кога сме во опасност била од витално значење. Затоа и не е чудно што еволуиравме брзо да реагираме на звук - побргу отколку што реагираме на пример на допир или мирис.

 

Звукот може да продре во нашата свест, без оглед на тоа што гледаме. Затоа користиме гласни звуци како сирена да ги предупредиме луѓето на опасност или вонредна сигурација. Сирената може да ни каже да се тргнеме настрана од патот или да побараме засолниште.

Ова е делумно заради тоа што гласен звук добро го привлекува нашето внимание. Предупредувачкиот звук прави да реагираме многу брзо. Овој звук се шири во сите правци и не мора да го видите. Можете да знаете дека опасност или возило на итна помош е во близина дури и ако не сте во можност да го видите светлото. И додатно, звукот функционира еднакво добро и дење и ноќе.


 

Доколку се сомневате дека Вашиот слух е ослабен и не слушате добро, можете да ја искористите акцијата и во Аудитива бесплатно да направите проверка на Вашиот слух. Закажете во Вашиот термин во некое од нашите преставништва на следниот линк:

Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >