Преку нашите уши добиваме однапред предупредување за работите кои не можеме да ги видиме, па тие стануваат помал шок – без разлика дали станува збор за лаење на куче чувар додека поминувате покрај него или за член од фамилијата кој влегува во соба позади Вас.

Со помош на нашите две уши, можеме да одредиме од кој правец ни доаѓа звукот дури и ако не можеме да го видиме изворот на тој звук. Значи, можеме да процениме каде се наоѓаат луѓето и работите во просторот без гледање или дури и ноќе во мракот. Исто така, можеме да молчиме и да процениме дали нешто ни се приближува од страна или позади нас - без разлика дали е тоа возило кое ни се приближува со голема брзина, опасно животно или дете кое весело се смее.

 

На овој начин, слухот значајно допринесува на Вашата ментална мапа на светот. Ви помага да се ориентирате во него: да знаете каде се наоѓаат работите, како се движат и дали се важни за Вашето внимание.

 

Луѓето стануваат свесни за важноста на слухот дури кога ќе почне да слабее и кога ќе им стане комплицирано да комуницираат со семејството и пријателите, кога ќе им стане напорно гледањето на ТВ или разговарањето на телефон. Доколку чувствувате дека ги имате овие потешкотии и дека Вашиот слух е ослабнат во однос на порано, најдобро би било на време да го проверите својот слух.

 

Искористете ја бесплатната акција за проверка на слух која ја организира Аудитива и закажете го Вашиот термин кога и каде Ви одговара.

Својот бесплатен термин можете да го закажете на следниот линк: https://www.auditiva.mk/Auditiva/150/ZAKAZETE-BESPLATNA-PROVERKA-NA-SLUHOT.shtml