Јас сум Крсте Трајковски, пензионер.

Од 2001 година имам проблем со слухот, поради својата професија како полицаец на терен во Тетово.

Оштетувањето на слухот го добив на терен при воени дејствија. Поради мојот проблем со слухот започнав да носат слушен апарат уште од 2011 година  благодарение на Аудитива и нивните стручњаци. Мојот квалитет на живот се подобри и сум задоволен од мојот слушен апарат на OTICON, како и од прекрасната услуга на вработените.

На сите што имат проблем со слухот, ја препорачувам Аудитива затоа што таму ќе се најде решение за нивниот проблем со слухот и ќе им се подобри животот.