Никогаш не е прерано за образување на младите луѓе за важноста на здравите слушни навики. Паметните навики кои ќе им ги всадите на своите деца ќе им значат во нивните тинејџерски години, како и кога ќе пораснат.

 

 

Светската здравствена организација проценува дека 1,1 милион тинејџери и млади имаат потенцијал да развијал оштетување на слухот заради изложеноста на бучава на гласни концерти, спортски настани и користење слушалки. Претерано изложување на штетна бучава преку 85 децибели може да го оштети слухот. Неретко е јачината на звукот во слушалките да достигне 100 децибели. Рок концертите можат да имаат и огромни 120 децибели.

 

Фактите се јасни. Изложеноста на јак звук ги оштетува ситните ќелии во увото кои го примаат звукот. Кога се оштетени премногу ќелии, тие ја губат способноста за пренесување на звукот во Вашиот мозок. Новите докази сугерираат дека дури и суптилно оштетување на слухот кај млади луѓе, кое можеби ни нема да го забележите, може да отвори пат кон деменција во подоцнежниот живот.

Ризична работа

Младите се посебно подложни на ризични навики на слушање музика. Денес многу тинејџери секојдневно носат слушалки да би слушале музика или да стримуваат филмови и видео игри. Поголемиот број тинејџери не го разбираат кумулативното и трајното влијане на буката на здравјето на нивниот слух. Студија од Универзитетот John Hopkins покажува ниска свест за губитокот на слухот предизвикан од бучата (8%) меѓу адолесцентите и младите.

Всадете навики на здрав слух

Можете да превземете чекор да им помогнете на тинејџерите и младите да развиваат здрав став спрема влијанието на буката од својата околина како би го сочувале слухот. Истакнете ги паметните навики кои ќе донесат здравствена корист за слухот сега и во иднина.

Намалете го звукот

Кој кажал дека погласното е забавно? Денешната прегласна музика е утрешна невозможност да уживате во разговорот во ресторани со пријателите или можност да го слушнете наставникот во универзитетска училница. Поголемиот број паметни телефони имаат ограничување на јачината на звукот кое Ви овозможува автоматски да ја ограничите јачината на звукот. Најдобар совет е да ја подесете контролата на јачина на звукот на најмногу 60% максимална јачина на звукот. Дали и личноста покрај Вас ужива во музиката која ја слушате на слушалките. Тоа е едноставен показател дека јачината на звукот е прегласна. Не појачувајте го звукот да би го блокирале бучното опкружување. Изберете слушалки за поништување на бучавата кои ја филтрираат надворешната бучава.

Како што е важно да се носат два апарати, најдобро е да се носат две слушачки за слушање музика. Кога користиме само една слушалка, звукот не делува толку гласно и поголема е веројатноста да го зголемите звукот.

Следете го времето

Ограничете го времето на слушање на слушалки и правете редовни паузи за да се одморат Вашите уши. Штетата од изложување на бучава е кумулативна. Колку што е појака бучавата, толку помалку време е потребно за да настане штета. Стручњаците го препорачуваат правилото 60/60: Слушајте музика на слушалките не повеќе од 60 минути одеднаш и не појако од 60% од максималната јачина на звукот на Вашиот уред.

Заштитете ги ушите

Влезница за концерт или спортски настан може да биде скапа, но заштитата на слухот не би требало да биде. Пар ефтини пенасти чепчиња за уши може да го спречат изложувањето на прекумерна бучава. Чепчињата влегуваат во увото и го блокираат ушниот канал од прекумерна бучава.

Со помош на паметен телефон следето го нивото на децибели. Превземете апликација за надзор на јачинатана звукот и користете ја кога се сомневате во нивото на бучава.

Фатени сте не подготвени додека се огласува гласна сирена или јака експлозија? Во итни случаи покријте ги ушите со рацете да го блокирате звукот.

Паметното слушање нека биде семејна работа

Можете да воведете добри навики врзани за слухот и во својата фамилија. Намалете ја јачината на звукот на телевизорот, намалете го радиото и превземете други чекори за да ја намалите бучавата во својот дом. Семејните вечери нека станат време за лесен разговор, без позадинска бучава од музика или кујнски уреди. Понесете заштита за уши при семејни излети на спортски настани, концерти или кино во кои звукот може да биде посебно гласен. Купувајте потивки уреди, особено предмети кои често се користат, како што се фен за коса и инсистирајте на тоа сите членови на семејството да користат заштита за слух кога ја косат тревата или користат електрични алати.

Закажете бесплатна проверка на состојбата на слухот

Редовна проверка на слухот е лесен, безболен но важен чекор за заштита на здравјето на слухот на Вашето семејство. Закажете евалуација на состојбата на слухот како дел од годишните здравствени прегледи. Ако Вашето дете го зголемува звукот на ТВ, често го пропушта разговорот или се жали дека му звони или зуи во ушите, веднаш обратете се на стручњак за слух. Бесплатна проверка на слух можете да закажете ако кликнете на овој линк https://www.auditiva.mk/Auditiva/151/PRONAJDETE-GO-NAJBLISKOTO-PRETSTAVNISTVO.shtml