Истражувачите од UCL наведуваат дека модифицирањето на 12 ризик фактори од детството до подоцнежниот живот може да ги одложи или спречи 40% од случаите на деменција. Нетретираното оштетување на слухот во средните години останува најголем модифициран ризик фактор.

Во комбинација, три нови ризик фактори се поврзани со 6% од сите случаи на деменција - со проценети 3% од случаите кои се препишуваат на повреди на главата во средните години, 1% случаи на прекумерно конзумирање на алкохол во текот на средните години и 2% изложеност на загаден воздух во подоцнежните години. Преостанатите ризик фактори се поврзани со 34% сите случаи на деменција. Ризик факторите со најголем удел во случаите на деменција во популацијата се помало образование во раниот живот, губиток на слухот во средните години и пушење во подоцнежните години (7%, 8%, односно 5%).

Извештајот, со кој раководи 28 водечки светски стручњаци за деменција, се заснова на 9 ризик фактори идентификувани во Комисијата Lancet за 2017 гпдина и пружа ажурна анализа на најдобрите докази за превенција на деменција. Новиот извештај ги повикува нациите и поединците да бидат амбициозни во спречувањето на деменција. Извештајот е претставен на 30-ти јули 2020 година на Меѓународната конференција Alzheimer`s Association (AAIC 2020).

Водечкиот автор професор Gill Livingston (UCL Psichiatri and Camden & Islington NHS Foundation Trust) кажал: „Нашиот извештај покажува дека во моќта на креаторите на политиката и поединците е да спречат и одложат значаен ден на деменцијата, со можностите да влијаат во различни стадиуми од човековиот живот.

„Интервенциите веројатно ќе имаат најголемо влијание на оние кои несразмерно влијаат ризик факторите од деменција, покрај оние во земјите со ниски и средни приходи, вклучувајќи ги азијските етнички заедници.

"Како друштво, мораме да размислуваме понатаму од унапредувањето на доброто здравје за да би ја спречиле деменцијата и да почнеме да се бориме против нееднаквостите за да ги подобрите околностите во кои живеат луѓето. Можеме да го намалиме ризикот со создавање на активно и здраво опкружување за заедниците во кои физичката активност е норма, подобра исхрана да биде достапна за сите и изложувањето на прекумерно конзумирање на алкохол да се сведе на минимум“.

Ширум светот околу 50 милиони луѓе живеат со деменција, а се предвидува дека овој број ќе се зголеми на 152 милиони до 2050 година. Деменцијата ги погодува поединците, нивните семејства и економијата, а глобалните трошкови се проценуваат на околу 1 билион амерички долари годишно.

Меѓутоа, во некои земји бројот на постари лица со демензија опадна, веројатно поради подобрување во образованието, исхраната, здравствената заштита и промената на начинот на живот, што покажува можност за намалување на деменцијата со превентивни мерки.

За да се занимаваат со ризикот од деменција, автори повикуваат на донесување на девет амбициозни препораки од страна на креаторите на политиката и поединци:

  • тежнејте кон одржување на систолниот крвен притисок од 130mm Hg или помалку во средното животно доба од околу 40 год.

  • Истакнете ја употребата на слушни помагала за оштетен слух и намалете го оштетувањето на слухот штитејќи ги ушите од високото ниво на бучава

  • намалете ја изложеноста на загаден воздух и дим

  • спречете повреди на глава (високо ризични занимања и транспорт)

  • спречете злоупотреба на алкохол и ограничете го конзумирањето на помалку од 21 единица неделно

  • престанете со пушењето и поддржете ги поединците да престанат да пушат (што авторите нагласуваат дека е корисно во било кое доба)

  • овозможете им на своите деца основно и средно образование

  • воведете активен живот во средниот, а можеби и подоцнежниот живот

  • намалете ја дебелината и дијабетесот.

 

Овие акции се посебно важни во земјите со ниски и средни приходи, каде стапката на деменција расте побрзо отколку во земјите со високи приходи, а живеат околку две третини луѓе со деменција. Ова е резултат на зголемување на очекуваното траење на животот и поголема застапеност на одредени ризик фактори од деменција - како што се ниска стапка на образование, висока стапка на хипертензија, дебелина и оштетување на слухот и брзо растење на стапката на дијабетесот.

Коавторот на студијата д-р Naaheed Mukadam (UCL Psichiatri and Camden & Islington NHS Foundation Trust) кажал: „На основа на нашето моделирање очекуваме уште случаи на деменција да бидат спречени во земјите со ниски и средни приходи, во споредба со богатите земји, заради преваленцијата на ризик фактори кои ги идентификувавме. Порано проценувавме дека 9 фактори допринесуваат за 35% од случаите со деменција ширум светот, но таа цифра расте на 40% во Кина, 41% во Индија и 56% во Латино Америка“.

Авторите предупредуваат дека процените би можеле да бидат и повеќе, затоа што користеле конзервативни процени за превенција на ризик факторите и затоа што не ги земаат во предвид трите нови ризик фактори.

Коавторот d-r Jonathan Huntlei (UCL Psichiatri and Camden & Islington NHS Foundation Trust) додал: „Речиси сите достапни докази за деменцијата потекнуваат од земјите со високи приходи, така да итно е потребно да се спроведат уште студии во остатокот од светот, за да можеме да разбереме дали ризиците се разликуваат и дали нашите решенија можеби би требало да бидат прилагодени на различните култури и средини“.

Авторите забележуваат дека моделирањето за нивните процени за превенција претпоставува дека постои причински-последнична врска помеѓу ризик факторите и деменцијата, но биле внимателни во вклучувањето само на ризик факторите со јаки докази во причинската врска.

Во последниот дел од извештајот, авторите се залагаат за холистичка и индивидуализирана нега заснована на докази со кои се занимава физичкото и менталното здравје, социјалната заштита и поддршка која може да удоволи на сложените потреби.

Коавторот на студијата d-r Andrev Sommerlad (UCL Psichiatri and Camden & Islington NHS Foundation Trust) кажал: „Поддршка на физичкото здравје на лицата со деменција е важна за нивните ментални способности, но и затоа што можат да се борат со други болести“.

Напоменуваат дека лицата со деменција посебно се изложени на ризик од COVID-19 (заради староста и веќе постоечките болести, како што е хипертензија), и дека мерките за физичка изолација можат да бидат предизвик за пациентите со деменција, на кои ќе им биде тешко да се придржуваат на насоките или тоа што не можат да имаат контакт со негувателите и семејството.

Авторите повикуваат дека луѓето со непознат статус на COVID-19 не се примаат во домовите за нега заради заштита на постоечките корисници, па редовно се тестираат вработените и асимптоматските корисници, како и симптоматските штитеници кога постои изложеност и уште многу други работи како да се заштитат пациентите со деменција во текот на моменталната пандемија и идните итни случаи во јавното здравство.