ДЕСЕТ ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА МОЖЕБИ ИМАТЕ ОШТЕТЕН СЛУХ

Ако имате оштетување на слухот, зарем не би знаеле? Не секогаш. Оштетувањето на слухот може да започне многу порано од кога ќе се појават симптомите и со текот на времето полека може да се влошува.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


 

Ако сте доживеале суптилни промени во оштетувањето на слухот поврзано со годините (презбиакузија), еден од најчестите здравствени состојби кои не погодуваат како што старееме, преминот од состојба во која добро слушаме во состојба каде што имаме потешкотии со слухот може да биде толку постепен да можеби нема ни да сфатите колку пропуштате. Всушност, можете несвесно да ги прилагодите своите секојдневни активности и социјална интеракција како би се носеле со потешкотиите со слухот, постепено намалувајќи ја својата спососбност да живеете со полни плуќи.

Секојдневни проблеми со слухот се првите знаци

Оштетувањето на слухот му пречи на секојдневниот живот. Ако се соочите со некоја од следните ситуации, можеби е време да закажете преглед кај аудиолог:

 

Ви се чини дека луѓето мрморат

Кога имате оштетен слух, неспособноста да слушнете некои звуци го отежнува разбирањето на некои зборови. Луѓето, посебно жените и децата, може да изгледаат како да разговараат претивко или дури не ги изговараат своите зборови. Веројатно ова ќе ве доведе до тоа да кажете: „Можете ли да повторите? „ и „Извини?“ повеќе пати отколку што можете да изброите.

 

Рестораните стануваат се побучни

Најчеста жалба кај луѓето со оштетрн слух е дека не можат да слушат добро во рестораните. Со оштетен слух, звуците во позадината – прибор, разговорите на другите маси и музиката – може да го отешнат следењето на разговорот.

 

Друштвените собирања веќе не се интересни

Кога имате оштетен слух, луѓето кои разговараат во групи, музиката и другите звуци во позадина може да ви го отежнат уживањето во дружењето со семејството и пријателите. Во фрустрација можеби ќе сфатите како не Ви е забавно или порано се враќате дома.

 

Конверзациите бараат поголем напор

Дали сте исцрпени на крајот на денот или на крајот на состанокот на работа? Стресот од неспособноста да слушнете што зборуваат другите може да ви одземе многу енергија.

 

Телефонските разговори се отежнати

Преносот на звукот на телефонот, а посебно на мобилниот телефон не е совршен. Повеќето луѓе можат да го поднесат лошиот квалитет на звук. Губитокот на слухот го отежнува проблемот и можно е да се мачите да пополните празнини во звукот или пак потполно да ги избегнувате телефонските разговори и да преминете на праќање пораки.

 

Оштетувањето на слухот влијае на Вас и Вашите сакани

Оштетувањето на слухот може емоционално да влијае на Вас и Вашите сакани. Ако еден или повеќе од овие описи Ви звучи познато, можеби е виновен оштетениот слух.

 

Премногу ја зголемувате јачината на звукот на ТВ, радио…

Вашата фамилија и пријатлите се жалат дека премногу го зголемувате звукот кога слушате музика или радио. Тоа почнува да биде константен предизвик да уживате во филмот или ТВ емисија со своите сакани, а на сите да Ви одговара јачината на звукот.

 

Ви зуи во ушите

Тинитус или зуење во ушите понекогаш е првиот знак за оштетен слух кај постарите лица. Тоа би можело да претставува мал напор или да Ви ја отежнува концентрацијата, спиењето, работата и дури односите со другите луѓе. Дури 90% од луѓето со тинитус имаат некое ниво на оштетен слух предизвикан од бучава.

 

Проблеми со рамнотежа

Губитокот на слухот може исто така да ја наруши и Вашата рамнотежа. Истражувачи од Универзитетот Џонс Хопкинс откриле дека дури и благ степен на оштетен слух го зголемува ризикот од случаен пад.

 

Социјална изолација

Оштетувањето на слухот Ве доведува во ситуација да се изолирате социјално. Непријатно Ви е да запознавате нови луѓе. Се плашите да се придружите бидејќи можеби нема да разберете што зборуваат. Се повлекувате – поедноставно Ви е да живеете изолирано и тивко.

 

Не се чувствувате како претходно

Се чувствувате депресивно, расеано, досадно Ви е. Повеќе не сте социјално ангажирани, што е еден од основните начини на стимулација на мозокот и успорување на когнитивното опаѓање. Студиите покажуваат дека когнитивниот пад е забрзан кај луѓе кои имаат оштетен слух и не користат слушни апарати.

 

Направете го првиот чекор кон подобар слух

Проверката на слухот е едноставна и безболна. Ако се утврди дека имате оштетување на слухот, ние ќе Ви помогнеме при широкиот избор на дискретни и модерни слушни апарати кои не само што ќе Ви помогнат подобро да слушате, туку и ќе Ви го подобрат вкупниот квалитет на живот. Ако се препознаете во било која од претходно наведените ситуации, Ве советуваме да закажете бесплатна проверка на слух кај стручњаците за слух на Аудитива. Закажете го својот бесплатен термин за проверка на слух:

Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!