ШТО Е ONLINE ПРОВЕРКА НА СЛУХ?

Online проверката на слух трае неколку минути и претставува брз и едноставен начин за почетно идентификување на промената на слухот кај лицата кои се сомневаат дека имаат оштетен слух. Оваа online проверка на слухот симулира една од ситуациите во животот каде е присутна бучавата, како би дознале колку добро можете да се фокусирате на говорот и да ја филтрирате и одстраните бучавата. Вашите реакции ќе покажат дали почнувате да осеќате губиток на јаснотијата на слухот со кој се соочуваат голем број на луѓе со текот на стареењето. Во текот на тестот, нивото на позадинската бучава ке се зголемува и намалува за да ве тестира со колку бучава можете да се соочете пред да почнете да го губете фокусот на говорот.

Пред почетокот на тестот ќе биде потребно да ја подесите јачината на звукот на компјутерот на ниво на нормален говор. При проверката на слухот потребно е да користите слушалки поради подобри услови на тестот. Кога ќе завршите со тестирањето ќе биде потребно да ја запишете својата емаил адреса на која ќе бидат испратени резултатите од online проверката на слухот со стручно објаснување и препорака.

Тестирај го својот слух

Тестирај го својот слух

ШТО ЗНАЧИ РЕЗУЛТАТОТ ОД ONLINE ПРОВЕРКАТА НА СЛУХОТ?

Вашиот рзултат од проверката на слухот ќе биде прикажан на скала од 0 до 100 %. Секако, колку е поголем резултатот кој го постигнете, толку подобро можете да го разбирате говорот во бучно опкружување. Резултат под 64 % може да укажува на влошување на способноста за разбирање на говорот во бучно опкружување и полош слух, а колку е понизок толку повеќе треба да ја земете во предвид можноста да направите професионална проверка на слухот од страна на стручно лице.

Ве замолуваме да земете во предвид дека било кој тест за online проверка на слухот треба да се користи само во информативни цели и дека тие тестови се создадени за да помогнат во почетната идентификација на оштетувањето на слухот и да ѓи охрабрат луѓето да преземат конкретни чекори за подобар слух. Овој тест не е замена за професионалната аудиометриска проверка на слухот која ја спроведуваат професионално школувани аудиолози.

Тестирај го својот слух