Основната дејност на претпријатието е дистрибуција на слушни апарати од светскиот лидер данскиот произведувач Oticon. Аудитива освен за Oticon е генерален застапник и за Interacoustic произведувачот на аудиолошка опрема.

Претпријатието Аудитива Д.О.О. е основано на 01.11.2010 година во Скопје. Со постојаното вложување и ширење на продажната мрежа Аудитива дојде до позиција сега да има 6 претставништва низ Македонија во кои се врши дистрибуција на Oticon слушни апарати со тенденција за понатамошно ширење.

Преку дваесет вработени луѓе од различни специјалности (дефектолози, електро инжињери, орл специјалисти, медицински сестри, протетичари...) вложуваат огромни напори да ги задоволат потребите на лицата со оштетен слух како и доктори кои ги дијагностицираат и лечат овие пациенти.

Аудитива со текот на годините на постоење израсна во лидер на пазарот во Република Македонија во областа на аудиологијта и аудиолошката опрема.