Компанијата Oticon е еден од најстарите и најголемите светски произведувачи на слушни апарати со многу долга традиција во оваа област која гарантира врвен квалитет на производот. Oticon во 2017 година прослави 113 години постоење а почетоците на работа на фирмата датираат од далечната 1854 година, во време кога Hans Stefan Demant во данскиот град Odenseu основал работилница за изработка на часовници. Првиот слушен апарат Hans Demant го продал во 1904 година и поради тоа што интересот бил голем тој се посветил на работата со слушни апарати, како дистрибутер на апарати во Данска, Норвешка и Шведска. После почетниот успех бројот на вработени постојано се зголемувал а и производните капацитети се проширувале. Компанијата Oticon со текот на времето станала најголем произведувач на слушни апарати во светот.

 

Oticon денес е меѓународна компанија која произведува и дистрибуира слушни апарати на луѓето во преку 120 земји ширум светот. Oticon секоја година вложува големи средства во развој на напредните технологии и многу често први воведуват револуционерни новини кај слушните апарати.

 

Моделиете на Oticon слушните апарати се со врвен квалитет и современ дизајн и може да корегираат различни степени на оштетување на слухот, од лесни до многу тешки. Современите слушни апарати се потполно дигитални а нивниот звук е природен. Покрај напредните технолошки решенија, многу модели имааат и безжична конекција со мобилниот телефон така да можат да го олеснат телефонирањето додека возиме без потреба да го држиме телефонот во раце.

 

Oticon во бивша СФРЈ почнал со продажба на слушни апарати преку фирмата Југолек од Белград далечната 1965 година. Oticon одтогаш до сега постојано е присутен на домашниот пазар и заслужено го носи епитетот на квалитетен и сигурен произведувач. Аудитива Д.О.О. од Скопје години наназад е генерален дистрибутер на слушни апарати и опрема од компанијата Oticon на територијата на Македонија.