Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страната на АУДИТИВА ДОО увоз-извоз Скопје

 

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој АУДИТИВА ДОО увоз-извоз Скопје ги собира, користи и обработува податоците собрани од посeтителите на нашата интернет страна.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. При

посета на интернет страната https://www.auditiva.mk, ние ги обработуваме Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги  дадете преку контакт формата за најава на нашата интернет страна, заради користење на нашите  производи или доколку испратите барање за информација.

АУДИТИВА ДОО увоз-извоз Скопје (во понатамошниот текст: Аудитива) ги обработува Вашите лични податоци со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка при користење на интернет страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради  која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

При користење на услугата Контакт, Аудитива ги собира и обработува Вашите лични податоци, и тоа:

-вашето име и презиме,

-адреса на е-пошта и

-телефонски број.

За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Компанијата може да собира и обработува лични податоци за следниве цели:

Да се ​​обезбеди и оддржува нашата услуга, вклучително и да се следи користењето на нашата услуга.

За доставување на договор: преземање на договорот за користење на услугата

За да ве контактираме: Да ве контактираме по е -пошта, телефонски повици, СМС -пораки или други еквивалентни форми на електронска комуникација.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Аудитива ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани  технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, а кои се дел од интерниот систем за заштита на лични податови. Личните податоци може да бидат единствено доставени само на  надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

 

Зачувување на вашите лични податоци

Во текот на своето работење Аудитива ќе ги задржи вашите лични податоци само онолку долго колку што е потребно за целите наведени во оваа Политика за приватност. Ние ќе ги задржиме и користиме вашите лични податоци до степен до кој е потребно за да се усогласиме со нашите законски обврски, ќе ги решаваме споровите и ќе ги спроведуваме нашите правни договори и политики.

Пренос на вашите лични податоци

Вашите информации, вклучувајќи ги и личните податоци, се обработуваат во рамки на Компанијата. Тоа значи дека овие информации не се предмет на пренесување.

Компанијата ќе ги преземе сите чекори што се разумно неопходни за да се осигура дека Вашите податоци се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика на приватност и дека нема да се изврши пренос на Вашите лични податоци на организација или земја, освен ако не постојат соодветни контроли, вклучително и безбедноста на Вашите податоци и други лични информации.

Откривање на вашите лични податоци

Спроведување на законот

Под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Други законски барања

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

- да се информирате од Аудитива околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;

- да побарате од Аудитива да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање;

- да побарате од Аудитива да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат; тука линк до документ;

- да побарате од Аудитива да ги избрише Вашите лични податоци;

- да поднесете барање до Аудитива со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци

- да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.

Овие права може да ги остварите преку информациите и документите кои се достапни на следниот линк.
 

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при користењето на интернет страната, пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и

преференциите на корисниците. При посетата на интернет страната од корисниците, Аудитива може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната.

Колачиња на пребарувачот на интернет Колачиња (“cookies") се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото

искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата Аудитива го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Аудитива има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се     согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: auditivadoo@yahoo.com

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.

===============================================================

 

Политика за колачиња на Аудитива ДОО

Кога ке дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, Друштво за прозиводство, трговија и услуги АУДИТИВА ДОО Скопје (во понатамошен текст Аудитива), но и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Во продолжение следи објаснување за политиката за користење на колачиња.

Ги користиме колачињата за да ја администрираме нашата интернет страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами.

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната на Аудитива може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета ќе бидат зачувани. Кај секој тип на колачиња е наведено објаснување за истите а детално обаснување за типовите на колчиња можете да прочитате во продолжение на оваа политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации, но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од сајтот https://www.auditiva.mk/ се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на Аудитива и Аудитива нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.), но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците. Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња:

Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.

Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон Аудитива. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната https://www.auditiva.mk/ може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на https://www.auditiva.mk/ ќе бидат зачувани. Поточно може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да поднесете кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од системот за заштита на лични податоци. За повеќе иформации може да ја погледнете нашата Политиката за приватност или другите јавно достапни документи. 

Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.