ПОДДРШКА НА РОДНИНИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ КОИ ИМААТ ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ

Препознајте ги знаците кои укажуваат на оштетување на слухот

Нетретираното оштетување на слухот влијае на нашиот друштвен живот. Поттикнете ги членовите од семејството или пријателите да побараат помош за комуникација да стане полесна за сите.
Ако го читате ова, тоа е затоа што се сомневате дека некој Ваш близок има оштетување на слухот. Потрудете се да го поддржите и помогнете на членовите од семејството или пријателите подобро да слушаат.

ПОДЕСЕТЕ ГО ЗВУКОТ ИЛИ ПРИКЛУЧЕТЕ СЛУШАЛКИ

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ONLINE ТЕСТОТ ЗА ПРОВЕРКА НА СЛУХ

ВЕНСЕТЕ E-MAIL И ПЕВЗЕМЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ


Дали во текот на разговорот слушате “Извини, може да повториш?” се почесто во последно време? Со оштетување на слухот, звуците полека почнуваат да побледуваат и неприметно исчезнуваат. Вие и другите луѓе можеби имате впечаток дека личноста со оштетен слух има селективен слух. Тоа е обично затоа што некои звуци се слушаат јаснп, а други не, па тоа наскоро почнува да се појавува и во зборови и реченици. Тоа го отежнува разговорот во соба полна со луѓе или преку телефон.

Ако не се третира, оштетувањето на слухот може да влијае на односите помеѓу личноста кај која е ослабен слухот и нејзината фамилија или приајтели, тивко нарушувајќи го квалитетот на животот.

Затоа е важно да:

– Ја мотивирате блиската личност за која се сомневате дека не слуша добро да го провери својот слух за да ги превземе неопходните мерки

– Научите како да ги олесните разговорите земајќи го во предвид начиност на кој комуницирате.

 

Препознајте ги знаците кои укажуваат на оштетување на слухот

Овие прашања ќе Ви помогнат брзо да го процените слухот на саканите личности.

Дали личноста која Ви е важна:

… се жали дека сите мрморат и бара од вас и другите да повторите што сте рекле?

… мора да седи лице во лице со Вас и не слуша кога некој зборува од позади или од друга соба?

… има потешкотии во разговорот во бучно опкружување, како ресторани или автомобил?

… има тенденција да биде потивка од обично во текот на дружењето?

… слуша ТВ или радио на необично гласно ниво?

… пропушта многу дијалози кога оди во театар, кино или други места?

 

Ако резултатот укажува на оштетување на слухот

Ако одговорот на повеќето од овие прашања е позитивен, инсистирајте Вашиот роднина или пријател да го провери слухот. Што порано добие јасна дијагноза, веројатно резултатот ќе биде поуспешен. Уверете ја личноста која треба да оди на проверка на слух дека  ќе биде во сигурни раце и дека ќе го поддржите нејзиниот пат кон подобар слух во месеците кои доаѓаат. Во Аудитива слушните центри ширум Македонија може да се направи бесплатна проверка на слухот, а терминот може да го закажете на овој линк Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >

 

7 добри комуникациски навики

Комуникацијата е двонасочен процес. Можете доста да направите да го олесните слушањето и комуникацијата, еве неколку совети:

1. Привлечете го вниманите на личноста пред разговорот, така да е спремна да Ве погледне и да се фокусира на тоа што го зборувате

2. Зборувајте јасно и со природно темпо – не викајте

3. Приближете се и седнете таму каде што Ви е осветлено лицето, така што полесно ќе ви се читаат изразите на лицето

4. Обидете се да не зборувате додека џвакате или шушите, или додека зборувајте не ја кријте устата или брадата 

5. Намалете ја позадинската бучава, намалете ја музиката или ТВ или пронајдете некое тивко место за разговор 

6. Ако сте во група, обидете се да не се прекинувате едни со други.

7. Наместо да се повторувате, обидете се да ја преформулирате реченицата.

 

Дијагноза и третирање на оштетувањето на слухот

Во преку 90% од случаите на оштетен слух, слушните апарати се најдобриот третман кои можат да го подобрат квалитетот на животот не само на личноста со оштетен слух, туку и на остатокот од семејството.

Закажете проверка на слухот

Првиот чекор кон подобар слух е закажување на проверка на слух во Аудитива слушните центри. Ова трае помалку од еден час и е потполно безбедно. Закажете го својот бесплатен термин за проверка на слух на овој линк Резервирајте бесплатна проверка на слухот < Кликнeте овде >

Најдобар третман

Ако прегледот покажува знаци на оштетување на слухот, следниот чекор е наоѓање на вистинското решение за добар слух. Слушните апарати во најголемиот број на случаи се најдобриот начин на третирање затоа што можат да ја подобрат способноста за комуникација. Кое решение ќе го препорача аудиологот зависи пред се од степенот на оштетување, од потребите на личноста, нејзиниот начин на живот, лични преференции и буџет.

 

Прилагодување на новите впечатоци

Еднаш кога се набавени слушните апарати, треба да ја поттикнете личноста на трпение. Појачаниот звук може да биде чуден, затоа што мозокот мора повторно да научи да ги слуша заборавените звуци. Но, важно е слушните апарати да се носат што е можно повеќе, за мозокот да има време да се прилагоди. Ако звукот на апаратот делува премногу тивко или прегласно, поттикнете го корисникот да го посети слушниот центар за подесување на слушниот апарат, за да биде задоволен од звукот.

 

 

 

    ЗАКАЖЕТЕ БЕСПЛАТНА ПРОВЕРКА НА СЛУХОТ!