Oticon Alta 2 е од фамилијата на слушни апарати со најнапредна технологија и припаѓа во премиум класата на апарати.

Наменета е за корисниците со оштетен слух од полесен па до потежок степен на оштетување.

Користејќи ги најновите достигнувања во областа на обработката на звукот Alta 2 на своите корисници им обезбедува уживање во деталите на звуците кои им биле недостапни со постоечките модели. Функцијата SpeechGuard E ги зачувува фините елементи на звуците го подобрува разбирањето на говорот и го олеснува учеството во разговорот дури и во бучно опкружување. Системот YouMatic Premium пружи можност за избор на еден од 5 различни профила на обработка на звукот кои се персонализираат спрема посебните барања на секој корисник. Inium Feedback shield - system ја отстранува бучавата, а при тоа не го намалува квалитетот и јачината на звукот.

Alta 2 моделите покриваат подрачје на подесување до 10 kHz на 10 канали и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа.

Alta 2 фамилијата на слушни апарати опфаќа две ценовни подврсти, Alta 2 Pro I Alta 2 Standard. Обете варијанти ги вклучуваат следните подмодели:

  • RITE (со можност за избор на три јачини miniFite ресивера (60,85,100),
  • Стандардни BTE (Ria 85, Ria 100)
  • Mini Bte
  • Канални (ITE;ITC;CIC,IIC)

Стандардните BTE I Mini BTE модели имаат можност за комфортно подесување со отворен слушен канал со помош на Corda miniFit систем со силиконски уметоци кои по потреба се бираат по врста и големина (open dome - 6, 8, 10mm, bass dome - single vent - 6, 8, 10, 12mm, bass double vent - 6, 8, 10, 12mm, power dome - 6, 8, 10, 12 mm).

Во линијата Alta 2 Pro канални апарати е и новиот невидлив модел IIC направен за корисниците кој бараат потполна дискреција.

Подмоделите на Alta 2 Pro нудат опција за користење на интегриран генератор на звук - Tinnitus Sound Support наменет за корисниците кои и покрај оштетениот слух имаат и изразен тинитус (зуење во ушите). Овие модели се достапни во BTE, RITE I mini RITE варијанти. Oticon Alta 2 овозможува и користење на дополнителна опрема за комуникација како што се FM систем и ConnectLine систем со која на своите корисници им го олеснува користењето на телефони, мобилни уреди, телевизори и др.