Oticon Chili е фамилија на super power слушни апарати дизајнирани да ги задоволуваат специјалните и различните потреби на корисниците со тешко оштетување на слухот, почнувајќи од средно тежок до многу тежок степен на оштетување. Со новиот аудиолошки пристап кој е подобар од досегашните super power модели, Chili го подобрува разбирањето не само со подобрување на слушноста туку и со обработка на говорот и бучавата на начин кој е прилагоден за тешки оштетувања на слухот. Со зачувување на верноста на сигналот овозможува достапност на говорните елементи кои се клучни во разбирањето, особено кај корисниците со намалена аудиторна резолуција.
Луѓето со потешко оштетување на слухот најчесто се потпираат на читање од усните пробувајќи да го разберат говорот. Исто така, една од потешкотиите кај овие категории е и способноста да го лоцираат изворот на звукот. Oticon Chili комбинирајќи ги специјалните функции (Speech Guard, Spatial Noise Menagement, Split Directionality) обезбедува почист и поприроден прием на говорните сигнали, како и подобро чуство на правецот на звукот кој доаѓа, дури и во потешко звучно опкружување.
Тенок и издржлив задушен слушен апарат одлично комбиниран со дискретен дизајн, сигурност и врвни перформанси. Едноставните контролни функции овозможуваат моментално исклучување на звукот, брзо прилагодување на јачината и промена на програми.
Chili моделите покриваат подрачје на подесување до 6,5 kHz на 6-9 канали во зависност од моделот и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа
Моделот Chili е достапен во три модели со различен ценовен ранг - Chili 5, Chili 7 i Chili 9.
Во понудата се на располагање 7 бои на куќишта изградени од биокомпатибилни материјали.
Chili овозможува и употреба на дополнителна опрема за комуникација како што е FM систем и ConnectLine систем и така на своите корисници им го олеснува користењето на телефони, мобилни уреди, телевизори и др.