Oticon Nera 2 е од фамилијата на слушни апарати со најдобри перформанси во категоријата на модели од напредна класа.
Наменета е за корисниците со оштетен слух од полесен до потежок степен на оштетување.
Со комбинирање на напредните функции за обработка на звукот (Spatial Sound Advanced, YouMaticAdvanced, IniumFeedback shield) Oticon кај овој модел постави нови стандарди во доживувањето на просторот создавајќи природно доживување на звучното опкружување. Spatial Sound користи бинаурална обработка на звукот при која двата апарата цело време комуницираат меѓусебно. Со тоа е овозможен природен начин на прием на звукот (чувство на разлика во брзината на доаѓањето на звукот до одреденото уво и разликата во интензитетот), а со тоа и подобро доживување на просторот.
Nera 2 моделите покриваат подрачје на подесување до 8 kHz на 6-8 канали во зависност од избраниот модел и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа.
Nera 2 фамилијата на слушни апарати опфаќа две ценовни подврсти, Nera 2 Pro I Nera 2 Standard. Обете варијанти ги вклучуваат следните подмодели:
- RITE (со можност за избор на три јачини miniFite ресивери (60,85,100)),
- Стандардни BTE (Ria2 85, Ria2 100)
- Mini Bte
- Канални (ITE;ITC;CIC,IIC)
Стандардните BTE I Mini BTE модели имаат можност за комфортно подесување со отворен слушен канал со помош на Corda miniFit систем со силиконски уметоци кои по потреба се бираат по врста и големина (open dome - 6, 8, 10mm, bass dome - single vent - 6, 8, 10, 12mm, bass double vent - 6, 8, 10, 12mm, power dome - 6, 8, 10, 12 mm).
Во линијата Nera 2 Pro канални апарати е и новиот невидлив модел IIC направен за корисниците кои бараат потполна дискреција.
Подмоделите на Nera 2 Pro нудат опција за користење на интегриран генератор на звук - Tinnitus Sound Support наменет за корисниците кои и покрај оштетениот слух имаат и изразен тинитус (зуење во ушите). Овие модели се достапни во BTE, RITE I mini RITE варијанти. Oticon Nera 2 овозможува и користење на дополнителна опрема за комуникација како што се FM систем и ConnectLine систем со која на своите корисници им го олеснува користењето на телефони, мобилни уреди, телевизори и др.