OTICON Opn е прв слушен апарат кој им помага на корисниците да слушаат добро дури и во ситуации кои бараат повеќе напор како што е многу бучното и динамичното опкружување и претставува најзначителен исчекор во технологијата на слушните апарати во последните 25 години.

Благодарејќи на супериорната Велокс платформа, Oticon Opn ги анализира звуците од околината повеќе од 100 пати во секунда, со можност за извршување на 1.200.000.000 операции во една секунда. Насочувањето на самите слушни апарати зависи од потребата на корисникот, секогаш се присутни сите звучни информации од околината на која корисникот може брзо и лесно да го префрла фокусот и не е ограничен само на звуците пред себе како што беше случај со досегашните апарати. Резултат од тоа е јасно разбирање на говорот, а сето тоа со многу малце напор.

Најбитните предности на новиот Oticon Opn слушен апарат

  • Уживајте во 30 % подобро разбирање на говорот
  • Намалете го напорот при служањето за 20 %
  • Запомнете 20 % повеќе информации

 

Елегантниот и дискретен Oticon Opn е достапен во 8 различни бои

Карактеристики на новиот Oticon Opn слушен апарат

Oticon Opn е модерен и елегантен слушен апарат кој стои дискретно позади увото, нудејќи нови можности и функции.

OpenSound Navigator

Значително помал напор при слушањето со повеќе информации и многу подобро разбирање

Spatial Sound LX

Одредување, пратење и промена на фокусот на саканиот звук

YouMatic LX

OpenSound Navigator се прилагодува на индивидуалните потреби и желби

Speech Guard LX

Го зголемува разбирањето на говорот во бучна средина, овозможува лесно пратење и вклучување во разговорот.

Oticon Opn слушниот апарат е направен за мобилните Smart телефони

  • Уживајте во безжичната конекција со iPhone и другите паметни уреди
  •  Претворете ги Вашите слушни апарати во стерео слушалки и уживајте во омилената музика
  •  Користете TV адаптер за гледање на омилените канали (растојание до 15 м)
  •  Користете го Вашиот мобилен телефон за контрола на јачината и промена на програми
  •  Oticon ON апликацијата Ви овозможува да ѓи контролирате Вашите слушни апарати, одберете што сакате да слушате и подесете ја јачината на звукот.

Оваа апликација исто така ги нуди и следните можности:

  • во секој момент преку интернет можете да ги лоцирате своите слушни апарати (или детето кое ги носе)
  • ве известува за состојбата на батеријата во апаратот (корисно кај мали деца кои носат апарати или кај стари лица)
  •  го покажува упатството за употреба

Традиционална технологија - НОВА технологија

 

Погледнете ја галеријата со слики