ConnectLinе за поврзување на слушните апарати со другите уреди ( Адаптер за телефон, TV адаптер, Streamer Pro), Oticon Remote Control, Oticon Amigo, будилници наменети за лицата со оштетен слух, бебешки аларми, просторни приклучоци

Oticon помошни уреди

ConnectLine е комплетно интегриран систем кој е едноставен за употреба и овозможува да се добие максимална корист од носењето на слушни апарати. Овој систем функционира со сите Oticon wireless слушни апарати подобрувајќи ги позитивните искуства на слушање и комуникација како што е разговорот преку мобилен или фиксен телефон, гледањето телевизија, слушањето музика, видео разговор и слично.

ConnectLine се состои од следните уреди : Streamer Pro, Адаптер за телефон, TV адаптер и Микрофон.

Апликацијата Oticon ConnectLine App зa iPhone, iPad, iPod touch и Андроид паметни телефони и таблети им овозможува на корисниците да ги искористат сите предности на ConnectLine системот од едно место. Оваа апликација може да се преземе бесплатно од App Store и Google Play

Oticon Remote Control 2.0 е далечински управувач кој може да се користи за подесување на јачината на звукот на слушните апарати и промена на програмите за попријатно искуство во слушањето. Може да се користи со сите wireless Oticon апарати и е погоден за корисници кои се одбрале designRITE, IIC ili CIC модели без копчиња или лица кои имаат проблеми со употребата на мали копчиња.

Oticon Amigo е систем кој испрака звучни сигнали директно во детските уши за подобро разбирање на говорот во бучни опкружувања и се состои од три дела: микрофон, предавател и приемник. Микрофонот го фаќа гласот на лицата кои го носат а предавателот го испраќа директно во приемникот на лицата кои слушаат за да се појача во нивните слушни апарати. Многу е важно во текот на развојот децата да можат добо да го слушаат учителот во бучна училница, да ги пратат инструкциите во текот на дополнителните активности (спорт итн.), нормално да гледаат TV со фамилијата и да им биде намален напорот при слушањето.

Аудитива во понудата има и специјални будилници наменети за лицата со оштетен слух, беби аларами (надзор), како и просторни приклучоци за TV и стерео системи. За подетални информации за сите помошни уреди, контактирајте некое од нашите претставништва кои можете да ги видите со кликање на ОВОЈ ЛИНК.