Oticon Ria 2 фамилијата на слушни апарати е изградена на новата Inium платформа е модел со најдобри перформанси во категоријата на модели од средна класа.

Наменета е за корисниците со оштетен слух од полесен до потежок степен на оштетување.

Здруженото делување на напредните функции на обработка на звукот (YouMaticEssential, FreeFocus, Inium Feedback shield) на корисниците им обезбедува удобност и јаснотија при слушањето и најоптимално разбирање на говорот дури и во бучно опкружување.

Ria2 моделите покриваат подрачје на подесување до 8 kHz на 4-6 канали во зависнот од избраниот модел и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа.

Ria 2 фамилијата на слушни апарати опфаќа две ценовни подврсти, Ria 2 Pro I Ria 2 Standard. Обете варијанти ги вклучуваат следните подмодели:

  • RITE (со можност за избор на три јачини miniFite ресивери (60,85,100)),
  • Стандардни BTE (Ria 85, Ria 100)
  • Mini Bte
  • Канални (ITE;ITC;CIC,IIC)

Стандардните BTE I Mini BTE модели имаат можност за комфортно подесување со отворен слушен канал со помош на Corda miniFit систем со силиконски уметоци кои по потреба се бираат по врста и големина (open dome - 6, 8, 10mm, bass dome - single vent - 6, 8, 10, 12mm, bass double vent - 6, 8, 10, 12mm, power dome - 6, 8, 10, 12 mm).

Во линијата Ria 2 Pro канални апарати е и новиот невидлив модел IIC направен за корисниците кои бараат потполна дискреција.

Подмоделите на Ria 2 Pro нудат опција за користење на интегриран генератор на звук - Tinnitus Sound Support наменет за корисниците кои и покрај оштетениот слух имаат и изразен тинитус (зуење во ушите). Овие модели се достапни во BTE, RITE I mini RITE варијанти.

Oticon Ria 2 овозможува и користење на дополнителна опрема за комуникација како што се FM систем и ConnectLine систем со која на своите корисници им го олеснува користењето на телефони, мобилни уреди, телевизори и др.