Oticon Safari е фамилија на слушни апарати наменета за корисници со старосна граница од бебиња до тинејџери. Нивните единствени потреби можат да бидат задоволени со моделите кои го покриваат оштетениот слух од полесен до многу тежок степен на оштетување.

Децата со оштетен слух секојдневно се среќаваат со сложени звучни опкружувања и со секој чекор нивната намалена слушна способност ги ограничува во процесот на учење. Моделите на Safari се дизајнирани да го подобруваат разбирањето на говорот и одредувањето на правецот на доаѓање на звукот со што помагаат на децата со тешко и многу тешко оштетување на слухот да воспостават подобра комуникација со своето опкружување.

Safari моделите покриваат подрачје на подесување до 6,5 kHz на 8-10 канали во зависнот од  моделот и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа.

Safari фамилијата на слушни апарати нуди можност за избор на BTE (задушни) модели во три ценовни врсти со различни перформанси: Safari 300, Safari 600, Safari 900. Во секоја од овие категории достапни се по 3 подмодела: : Safari 312BTE, Safari 13P BTE i Safari 13 Super power.

Моќниот аудиолошки концепт во комбинација со робустниот дизајн и светлосниот LED индикатор е совршен за децата.

Speech Guard функцијата дава приоритет на говорот и така го намалува напрегањето при слушањето. Единствениот систем за ублажување на бучавата (Spatial Noise Management) е дизајниран да го подобрува разбирањето дури и во посложени опкружувања. (на пр. Во училница).

Моделите на Safari овозможуваат и употреба на дополнителна опрема за комуникација како што е FM систем и ConnectLine систем и така на своите корисници им го олеснуваат користењето на телефони, мобилни уреди, телевизори и др.