Oticon Sensei е фамилија на слушни апарати специјално дизајнирани за деца. Направен на најновата Inium платформа, Sensei комбинира иновативни идеи и робусен дизајн. Со тоа се постигнува задоволување на единствените потреби на децата од сите возрасти.

Sensei е наменет за деца со оштетен слух од полесен до потежок степен на оштетување.

Sensei моделите покриваат подрачје на подесување до 10 kHz на 8-10 канали во зависнот од избраниот модел и овозможуваат формирање на 4 различни програми за работа.

Sensei фамилијата на слушни апарати опфаќа две ценовни подврсти, Sensei Pro I Sensei Standard. Обете варијанти ѓи вклучуваат следните подмодели:

  • RITE модели со можност за избор на три јачини miniFite ресивера (60, 85, 100),
  • BTE модели (Sensei 75, Sensei 90) компатибилни со Corda miniFit (можност за избор на miniFit: open dome - 6, 8, 10mm, bass dome - single vent - 6, 8, 10, 12mm, bass double vent - 6, 8, 10, 12mm, power dome - 6, 8, 10, 12 mm).

Обезбедува високи перформанси во разбирањето на говорот дури и во комплексно опкружување. Sensei нуди импресивна флексибилност со својата можност да се адаптира на сите специфични дневни потреби на секое дете со оштетен слух.

 

Speech Guard E system обезбедува потполно и природно слушно искуство комбинирајќи две методи на амплификација, нелинеарни и линеарни во еден систем на компресија. Со тоа е создадена цврста основа за развој на аудиторниот систем.

SmartFit Trainer е новитет во оваа фамилија на слушни апарати кој им олеснува на родителите правилно да ѓи поставуваат индивидуалните оливи со помош на LED индикатор.

Oticon Sensei овозможува и употреба на дополнителна опрема за комуникација како што се FM систем и ConnectLine sistem (Streamer Pro, TV i Phone adapter). Конструиран е од материјали кои ја намалуваат можноста за појава на алергиски реакции, ја зголемуваат отпорноста на прашина, вода и физички оштетувања.

Во понудата се на располагање 11 бои на куќишта изградени од биокомпатибилни материјали.